Траги од инсекти пронајдени во ќесички чај

Траги од инсекти пронајдени во ќесички чај

Познато е дека живите организми оставаат многу „траги“ зад себе вклучувајќи секрет, измет како и мртви ткива – сите содржат траги на ДНК. Така, не треба да нè чуди фактот дека безброј инсекти почнувајќи од бубачки па сè до пајаци оставаат многубројни траги дури и на листовите чај.

Траги од инсекти пронајдени во ќесички чај

Научниците откриле траги дури од 1.200 различни видови безрбетници во само 40 примероци од сушен чај и билки.

„Она што навистина ме изненади беше огромната разновидност на инсекти“, вели научникот Хенрик Крехенвинкел од Универзитетот во Трир.

„Во една ќесичка чај откривме траги дури од 400 видови инсекти“, вели тој.

Во текот на истражувањето, научниците откриле траги од дури 3.264 видови безрбетници во примероци од чаеви и билки низ продавниците во Германија, вклучувајќи тревопасни животни и паразити од целиот свет.

Така, биле пронајдени траги од ДНК од пајаци, лебарки, вошки, пеперутки, муви, богомолки и многу други инсекти.

Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и совети за готвење со чај кои ќе ги направат вашите јадења повкусни.

Извор: nationalgeographic.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар