Кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат нови предизвици на љубовен план во следните месеци?

Кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат нови предизвици на љубовен план во следните месеци?

Ретроградното движење на Сатурн кое започна на 5 јуни особено ќе се одрази врз љубовта и романсата. Според астролозите, овој период ќе биде идеален за промени за многумина кои се во врска во која не уживаат или имаат токсичен партнер. Колку и да се чини болно раскинувањето, тоа понекогаш е најдоброто решение. Освен тоа, оние кои не знаат како да изградат зрела љубовна врска ќе научат важни лекции благодарение на Сатурн. Во продолжение прочитајте кои 3 хороскопски знаци ќе морат да се справат со одредени предизвици на љубовен план во следните неколку месеци.

Кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат нови предизвици на љубовен план во следните месеци?

Овен

Ќе сфатите дека не можете да го решите проблемот што долго време ве мачи, без разлика колку напорно се трудите. Најверојатно единственото решение лежи во раскинувањето. Сепак, за време на ретроградниот Сатурн секој од нас ќе мора да ги плати своите кармички долгови, па затоа важно е да бидете искрени и отворени и јасно да го искажете она што сакате да го постигнете.

Близнаци

Најверојатно љубовта и занесот кои ги чувствувавте кон личноста во која сте во врска ќе исчезнат. Од друга страна, ретроградниот Сатурн ќе ве поттикне да размислувате за следната – како претходната воопшто и да не постоела. Сепак, бидете искрени и разговарајте со партнерот при што ќе му образложите зошто сакате да прекинете со врската.

Рак

Долго време баравте изговори за да ја „одржите во живот“ врската која повеќе не ја сакате, но сега ќе сфатите дека е време да ставите крај. Иако вашиот партнер ќе биде изненаден од вашата одлука, направете го она што мислите дека е најдобро за вас двајцата. Ова е моментот да ја спроведете одлуката за која долго време размислувавте. Можни се и понуди за помирување, но не заборавајте дека време е да свртите нова страница во животот…

Откако прочитавте кои хороскопски знаци ќе мораат да се соочат со нови предизвици на љубовен план во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува вистинска летна авантура.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар