Рецепт за зелена нутела од ф’стаци: Морате да ја пробате!

Рецепт за зелена нутела од ф’стаци: Морате да ја пробате!

Pistacchiosa или намаз од ф’стаци е италијански крем кој можете да го комбинирате во палачинки, сладолед, колачи и други десерти. Можете и да го намачкате на парче леб и да уживате во неговиот вкус.

Рецепт за зелена нутела од ф’стаци: Морате да ја пробате!

Потребни состојки:

  • 150 грама излупени несолени ф’стаци
  • 190 милилитри полномасно млеко
  • 30 грама путер
  • 100 грама бело чоколадо
  • 1 лажица шеќер во прав

Начин на подготовка:

1. Во тенџере загрејте ја водата и кога ќе зоврие додадете ги ф’стаците. Варете околу 4 минути, а потоа исцедете ги и оставете ги на чиста кујнска крпа. Излупете ги.

2. Ф’стаците префрлете ги во блендер, додадете 80 милилитри млеко и една лажица шеќер во прав. Мешајте околу 5 минути додека ф’стаците не се претворат во мазна смеса.

3. Загрејте го преостанатото млеко, путерот и белото чоколадо на тивок оган додека не се растопат, а потоа додадете ги ф’стаците и мешајте додека не добиете кремаста, мазна смеса. Ако смесата е премногу густа, додадете млеко. Префрлете го намазот во тегли кои ќе ги чувате во фрижидер до две недели. На здравје!

Откако го прочитавте рецептот за зелена нутела, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за кремаст колач со нутела и кекс.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар