Марс во Овен до 5 јуни: Нè очекуваат големи промени!

Марс во Овен до 5 јуни: Нè очекуваат големи промени!

Астролозите ни откриваат дека од 25 мај Марс влегува во знакот Овен. Тоа ќе придонесе за активен, енергичен период кој ќе трае сè до 5 јуни. Под влијанието на Марс, во овој период ќе можеме да го започнеме она што ни е важно, да ги наполниме нашите „батерии“ и да тргнеме во акција.

Марс во Овен до 5 јуни: Нè очекуваат големи промени!

Периодот кога се чувствувавме мрзеливи и уморни е зад нас. Сега ќе имаме план како и во која насока да се движиме. Секој од нас копнее за нови искуства, ни требаат промени и сакаме да бидеме попродуктивни.

Во овој период ќе бидеме полни со самодоверба и решителност. Храброста ќе ни ги даде очекуваните резултати само доколку ризикуваме на паметен начин. Време е одново да ја преземеме контролата врз нашите животи.

Најважно од сè е да одиме чекор по чекор кон целта која одамна си ја поставивме. Затоа, неопходни се волјата и храброста.

Освен тоа, во овој период и Венера ќе транзитира низ знакот Бик што значи дека можеме да си ја пробаме и среќата во љубовта.

Откако ја прочитавте астролошката прогноза до 5 јуни, можеби ќе сакате да го прочитате и хороскопот за летото 2022 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар