Постои причина зошто Лос Анџелес е еден од најпознатите градови кога станува збор за уличната мода. Девојките што живеат во него изгледаат беспрекорно секој пат кога ќе излезат низ вратата од нивниот дом. Токму затоа и воопшто не изненадува фактот дека овој град, меѓу другото, е познат и како главен град на модните блогери во светот. Па, што ги издвојува овие девојки од останатите? Погледнете го нивното мислење за модата…rn
1. Фармерките се клучно парче облека
rn
rnrnМожеби станува збор за клише, но тоа не значи дека во него нема вистина. Девојките од овој град се познати по одличниот избор на фармерки. Тие не сметаат дека ова парче облека е мрзлив избор, туку баш напротив, тој е основата на женствените маички и впечатливите аксесоари.rn
2. Важноста на слоевите
rn
rnrnДевојките од Лос Анџелес се постојано изложени на сончеви денови и студени пустински вечери, па затоа и никаде не излегуваат без нивната омилена јакна. Постојат многу начини на кои можете да ја зачините вашата модна комбинација со слоеви, како на пример, фустан врз кошула.rn
3. Обрнете внимание на силуетите
rn
rnrnМожеби нема да ви звучи како големо изненадување, но Холивуд е навистина многу визуелен град. И деталите имаат огромно значење доколку сакате вашата облека да изгледа беспрекорно. На пример, оваа сезона се хит рамните пантолони кои достигнуваат до над глуждовите и тексас јакните што завршуваат веднаш под колкот.rn
4. Станете најдобри пријатели со вашиот кројач
rn
rnrnДевојките од Лос Анџелес најмногу се грижат за целата рамка на нивниот изглед. Ако вашиот омилен вечерен фустан има потреба од мало „дотерување“, бидејќи сте ослабеле или качиле некое кило, тогаш без сомнение вреди да се инвестира во негова преработка…rn
5. Кога имате сомнеж, застанете на половина
rn
rnrnВметнете ја вашата кошула во пантолоните од напред, но задниот дел оставете го пуштен. Ова е изглед кој делува опуштено, но истовремено и професионално. Ако се чувствувате неженствено во вашата „машка“ работна униформа, тогаш ова е одличен начин да го освежите вашиот изглед.rn
6. Суптилна инкорпорација на трендови
rn
rnrnСакате да ги следите најновите модни трендови, но не сте сигурни дали би изгледале добро во нив? Запомнете ја важноста на слоевите и никогаш нема да згрешите. На тој начин ќе покажете само дел од одредениот тренд, додека полека се адаптирате и кон останатиот дел.rn
7. Модните додатоци постојат за да го откријат вашиот личен стил
rn
rnrnАко не сте забележале досега, девојките од Западниот брег вложуваат многу во нивните аксесоари. На тој начин се издвојуваат од останатите и храбро влегуваат во центарот на вниманието, покажувајќи ја нивната вистинска модна страна.rn
8. Но, знајте кога треба да му се препуштите на минимализмот
rn
rnrnИмајќи го сè тоа на ум, не секоја облека има потреба од впечатлив додаток. Понекогаш опуштениот бел фустан кажува сè што е потребно за вас.rn
9. За крај, не ги сфаќајте сите овие правила многу сериозно
rn
rnrnЦелта е да го пронајдете тоа што вам ви е удобно, но и кое ја покажува на светот девојката која навистина сте. Доколку сакате да носите марама околу вашиот врат, слободно сторете го тоа. Ако мислите дека тоа не е за вас, тогаш не правете го тоа. Но, што и да одлучите, имајте самодоверба и во сè ќе изгледате одлично!