Кога станува збор за нега на кожата, најважните состојки кои морате да ги обезбедите се: заштитен фактор, ретинол и витамин Ц. Сите овие фактори придонесуваат за поздрава, посветла и помазна кожа.
Веќе ви е добро познато дека витаминот Ц е една од најбараните состојки за нега на кожата. Станува збор за моќен антиоксиданс кој е идеалното средство во борбата против оксидативното нарушување. Освен тоа, игра голема улога во зајакнувањето на имунолошкиот систем.
Во продолжение прочитајте како правилно да го користите витаминот Ц за нега на вашата кожа.
Се препорачува да го користите како дел од вашата утринска рутина за нега на кожата и да го нанесете под слојот од заштитен фактор 30 или 50. Ќе го најдете во најразлични продукти како тонери, серуми и крем за очи.
Еве на што треба особено да внимавате:rn
Производи
rnБез разлика дали се работи за серум или крем за очи, погрижете се да го изберете вистинскиот тип на производ кој потполно ќе одговара на потребите на вашата кожа.rn
Видови
rnПостојат повеќе видови на витамин Ц. Најмоќната опција за мрсна или нормална кожа е Л-аскорбинската киселина, додека за сува и чувствителна кожа се препорачува магнезиум аскорбил фосфат, растворлив во вода.rn
Концентрација
rnЕкспертите препорачуваат да почнете со пониски концентрации на витамин Ц од 10% или 15% и постепено да ја зголемувате концентрацијата.rn
pH вредност
rnАпсорпцијата на витаминот Ц зависи од нивото на неговата pH вредност. За нормална кожа оптимална ниска pH вредност изнесува околу 3,5. Додека пак, за чувствителна кожа се препорачува формула со pH вредност која изнесува 5 или 6.
Откако прочитавте како правилно да го користите витаминот Ц, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 предупредувачки знаци укажуваат дека на вашето тело му недостасува витамин Ц.
Извор: en.vogue.me

