Тест: Изберете свеќа и откријте ја моменталната состојба на вашиот ум!

Тест: Изберете свеќа и откријте ја моменталната состојба на вашиот ум!

Овој едноставен тест ќе ви помогне да ја откриете состојбата на вашиот ум, а со тоа и да ги решите проблемите кои веќе подолго време ве мачат. Доволно е да изберете една од овие свеќи.

Тест: Изберете свеќа и откријте ја моменталната состојба на вашиот ум!

  • Свеќа бр. 1

    Најчесто ја сметаме црната боја како симбол на негативното. Но, оваа боја претставува многу повеќе. Таа има моќ да нè наврати на луѓето кои веќе ги нема и на добрите спомени кои веќе се минато.

  • Свеќа бр. 2

    Оваа боја ја симболизира енергијата и внатрешните вибрации. Доколку се чувствувате несигурно или вашата самодоверба паднала на најниско ниво, запалете ја оваа свеќа. Тоа сигурно ќе ви олесни и ќе направи да се чувствувате подобро.

  • Свеќа бр. 3

    Белата свеќа е симбол на сè што е чисто, а тоа може да се однесува на нашата душа, намери и јасноста на нашите цели. Можеби ќе сакате да запалите една ваква свеќа доколку се чувствувате изгубено и збунето и не можете да носите одлуки во животот.

  • Свеќа бр. 4

    Сината боја ги симболизира вашите особини. Освен тоа, оваа ладна и мирна боја може да ви го подобри расположението. Дали сте исцрпени поради сето она што ви се случува во последно време? Запалете сина свеќа – тоа сигурно ќе доведе до лековита атмосфера.

  • Свеќа бр. 5

    Ова е боја што ја симболизира животната средина, но и срцевата чакра во индиската медицина. Запалете зелена свеќа доколку во последно време немате можност да ја почувствувате убавината на природата.

  • Свеќа бр. 6

    Жолтата боја најчесто се поврзува со менталното процесирање на информациите. Оваа боја има најголем ефект врз сигналите на мозокот, особено во делот на обработка на информациите. Запалете жолта свеќа доколку сте „бомбардирани“ со различни информации – тоа ќе ги направи појасни вашите мисли.

  • Свеќа бр. 7

    Во кинеската традиција, оваа боја симболизира сè што е поврзано со радоста. Можеби има и негативна конотација како зло и опасност, но, во суштина, дава позитивна енергија. Мудро искористете ја, исто како што го користите огнот кој може да ве згрее или да ве изгори.

Доколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест што ќе ви помогне да откриете кој е вашиот нерешен судбински предизвик.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

  1. стојанка Reply

    убаво нешрто

Остави коментар