28 лаги во кои анксиозноста нè тера да веруваме

28 лаги во кои анксиозноста нè тера да веруваме

Ако честопати страдате од анксиозност, никогаш не верувајте во лагите што таквото чувството може да ви ги наметне. Тие можеби изгледаат вистинити, но запомнете дека вашата анксиозност само си поигрува со вашиот ум. Еве за кои видови лаги може да станува збор.

28 лаги во кои анксиозноста нè тера да веруваме

Мисли поврзани со љубовните врски

1. Не сум достоен/а за партнерот, а партнерот во сè е подобар од мене.

2. Сметам дека на партнерот би му било многу подобро со некој што не се справува со анксиозност како мене.

3. Честопати мислам на тоа дека никој никогаш нема да сака да биде со мене.

4. Секогаш мислам дека на крајот јас сум тој/таа што ќе биде повреден/а.

5. Често се прашувам дали бев јас причината за раскинувањето и дали ако не се однесував така, ќе можевме да имаме нешто што ќе трае вечно.

Мисли поврзани со пријателите и семејството

6. Не ме сакаат ниту пријателите, ниту семејството и затоа никој не сака да се дружи со мене.

7. Во средно училиште не сакав да се дружам затоа што мислев дека сите ме мразат.

8. Не сакам да им верувам на луѓето затоа што на крајот ќе ме изневерат.

9. Анксиозноста ме тера да сметам дека моите пријатели не се грижат за мене кога длабоко во себе знам дека ме сакаат.

10. Мислам дека моите пријатели ме озборуваат, исмејуваат и осудуваат зад мојот грб.

11. Мојата анксиозност ми вели дека не поминувам доволно време со моите деца, а сепак длабоко во себе знам дека не е така.

12. Го трошам времето грижејќи се за работи кои не се важни отколку да бидам присутен/а во сегашниот момент.

13. Не ги воспитувам доволно добро моите деца, а сепак во себе знам дека давам сè од себе.

Мисли за себе

14. Не сум доволно добар/а, не успеав во минатото, нема да успеам ниту сега.

15. Никој нема доживеано толку неуспеси како мене.

16. Никогаш нема да ги постигнам моите цели.

17. Никогаш нема да бидам „нормален/а“.

18. Никогаш нема да бидам убава како другите жени, ниту пак самоуверена како тие.

19. Анксиозноста ме тера постојано да се споредувам со другите.

20. Сите зборуваат за мене, но никогаш на позитивен начин.

Мисли поврзани со работата

21. Не сум доволно добар/а на работа и честопати мислам дека ќе добијам отказ.

22. Мојата анксиозност ме тера да се чувствувам лошо и загрижено секогаш кога мојот шеф сака да разговара со мене.

23. Не сум работник за пример, земам премногу слободни денови, а тоа ме прави да се чувствувам како тотален неуспех.

24. Не знам како ќе се справам со овие настани, има толку многу луѓе, а јас ќе направам будала од себе.

Мисли поврзани со животот

25. Сметам дека не ми претстои никаква убава иднина.

26. Мојата анксиозност секогаш ме тера да чувствувам дека нешто ќе тргне наопаку, дури и ако работите се движат во вистинската насока.

27. Сам/а сум. Се чувствувам осамено иако имам пријатели.

28. Никогаш нема да бидам среќен/а.

Откако ги прочитавте лагите кои честопати ни се наметнати од страна на анксиозноста, можеби ќе сакате да прочитате и како да се справите со социјалната анксиозност.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар