КАФЕ ПАУЗА

Кои намирници не треба да ги чувате во фрижидер?

Кои намирници не треба да ги чувате во фрижидер?

Иако најчесто ни се чини дека намирниците ќе останат долго време свежи доколку ги чуваме во фрижидер, сепак не е секогаш така. Прочитајте во продолжение кои намирници не смеете да ги чувате во фрижидер.rnrnКои намирници не треба да ги чувате во фрижидер?rn

Компир

rnНекои од нас имаат навика да чуваат компири во фрижидер, но тоа е голема грешка затоа што во тој случај скробот се претвора во шеќер што придонесува за некаков чуден, сладникав вкус на компирот. Исто така, тоа може да биде причината и за потемнување на компирот што и не е баш пожелно. Најдобра опција е да го чувате компирот на ладно, суво место. На тој начин компирот ќе остане свеж и до 3 недели.rn

Домати

rnКолку и да звучи чудно, ниските температури предизвикуваат оштетување на клеточните ѕидови на доматите. Тоа, пак, доведува до меки и кашести домати. Затоа, најдобро е да ги чувате на собна температура и подалеку од сончевата светлина доколку не сакате побрзо да созреат.rn

Банани

rnЛуѓето со причина не ги чуваат бананите во фрижидер. Студените температури можат да доведат до обојување на нивната лушпа во кафена боја. Освен тоа, чувањето банани во фрижидер нема да придонесе за нивно побрзо созревање. Напротив. Затоа, најдобро е да се чуваат на собна температура.rn

Диња

rnДињите имаат најдобар вкус кога се чуваат на собна температура. Покрај тоа, доколку се чуваат подалеку од места со ниски температури, постојат поголеми шанси да го задржат високото ниво на антиоксиданси. Како што знаете, антиоксидансите се неопходни состојки за човековиот организам бидејќи ја неутрализираат оксидацијата што се јавува во телото како резултат на физички и емоционален стрес.rn

Авокадо

rnАвокадото исто така спаѓа во групата на овошја кои нема да созреат доколку се складирани во фрижидер. Доколку сакате да созрее што побргу, но и да го зачува вистинскиот вкус, најдобро е да го чувате на собна температура. Со оглед на тоа што оксидира многу брзо, ќе треба брзо да го изедете откако ќе го пресечете. Сепак, за да го забавите процесот, можете да му ставите неколку капки лимон и да го ставите во фрижидер.rnrnОткако прочитавте кои намирници не треба да ги чувате во фрижидер, можеби ќе сакате да прочитате и кои 7 видови храна не треба да ги чувате во фрижидер повеќе од 24 до 48 часа по подготовката.rnrnИзвор: allwomenstalk.com