Дали катедралата во Валенсија е домот на светиот грал?

Дали катедралата во Валенсија е домот на светиот грал?

Третиот по големина град во Шпанија, Валенсија, е познат по плажите, историјата и архитектурата. Сепак, дали знаевте дека во градската катедрала на Валенсија се наоѓа артефакт за кој многумина веруваат дека е светиот грал?

Дали катедралата во Валенсија е домот на светиот грал?

Светиот грал е чаша, пехар или сад од кој Исус Христос пиел вино за време на Тајната вечера. Некои луѓе сметаат дека ова е еден од најсветите артефакти на земјата, другите пак, го поврзуваат со магија и веруваат дека се работи за обичен мит. Низ историјата, многумина се обидувале да го пронајдат, од витезите на кралот Артур па сè до војниците на Хитлер, но, колку што е познато, никој не го пронашол досега. Според бројни историски извори, светиот грал во Валенсија бил откриен кон крајот на 12 век и многубројни докази укажуваат дека тој е всушност оригиналниот пехар.

Дали катедралата во Валенсија е домот на светиот грал?

Се смета дека Апостол Петар прв ја однел чашата во Рим по смртта на Христос, каде останала сè до 250-тата година кога императорот Валеријан започнал да ги прогонува христијаните. Според историчарите, оваа реликвија била преместена во Хуеска бидејќи не била безбедна во Рим и неговата околина. Се верува дека тука останала сè до 8 век.

Сепак, патувањата на гралот меѓу 1 и 14 век не се докрај потврдени. Познато е дека кон крајот на 14 век реликвијата станала сопственост на кралот Мартин од Арагон. Еден од неговите наследници, Алфонсо Величествениот, ја пренел реликвијата во Валенсија, а подоцна и во катедралата каде се наоѓа и денес.

Шпанската историчарка на уметност, Ана Мафе Гарсија, во едно нејзино истражување се обидела да докаже дека постои голема можност светиот грал во Валенсија да е вистинскиот грал. Според истражувањето, реликвијата потекнува од еврејско семејство и датира од времето на кралот Ирод Велики, таткото на Ирод. Покрај тоа, материјалот од кој е изработен пехарот може да се најде само во близина на територијата на денешен Израел. Освен тоа, постојат и гласини дека реликвијата дошла во Шпанија заедно со писмо кое ја гарантирало нејзината автентичност.

Да не заборавиме дека ширум светот постојат повеќе реликвии кои се „борат“ за епитетот свет грал. Иако можеби никогаш нема да дознаеме каде е вистинскиот свет грал, ние ќе продолжиме да уживаме во мистичните легенди и преданија за овој свет предмет и да се надеваме дека еден ден сигурно ќе биде пронајден.

Откако прочитавте за овој необичен артефакт, можеби ќе сакате да прочитате и за морничавиот град полн со стари монети од кој никој не смеел да излезе.

Извор: passportsymphony.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар