Сакате здрава и сјајна кожа? Користете алое вера!

Сакате здрава и сјајна кожа? Користете алое вера!

Алое вера е едно од ретките растенија кое прави чуда во поглед на целокупното здравје. Станува збор за билка која потекнува од Арапскиот Полуостров и која се карактеризира со присуство на околу 240 хранливи состојки, меѓу кои фолна киселина и витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц и Е. Особено позната е по нејзините антибактериски својства, а во последно време сè поактуелна станува и кај нас. Во продолжение зошто треба да користите алое вера доколку сакате да имате здрава и мазна кожа.

Сакате здрава и сјајна кожа? Користете алое вера!

1. Средство за чистење на кожата

Една од најдобрите примени на алое вера во негата на кожата е тоа што може да се користи како средство за чистење и отстранување на шминката и нечистотиите. Покрај тоа, неговите антибактериски својства ја штитат кожата од алергии.

2. Средство за хидратација

Водата во ова растение е застапена со дури 95% и затоа алое вера е одличен избор за хидратација на вашата кожа без да ја прави мрсна или леплива.

3. Антиинфламаторни својства

Оваа билка се карактеризира со антиинфламаторни својства и служи како заштита од бактерии и акни.

4. Ја штити кожата од стареење

Дали знаевте дека алое вера ефикасно делува при намалување на брчките? Доволно е редовно да го нанесувате гелот на кожата, а резултатите ќе бидат видливи по само неколку дена!

Како да го користите гелот од алое вера за нега на кожата?

1. За сјаен тен

Сè што треба да направите е да земете една лажица гел од алое вера и да го измешате со мед и млеко, а потоа да ја нанесете смесата на кожата со нежни движења.

2. Како тонер

Измешајте го гелот од алое вера со вода и користете го како тонер за хидратација на кожата во кое било време, на кое било место. Како што веќе ви е познато, гелот содржи хидратантни својства кои ќе ѝ дадат свеж изглед на кожата.

3. Како гел за миење лице

Навечер, пред легнување, со врвовите на прстите нанесете тенок слој алое вера на лицето. Распределете го со кружни движења, а потоа исплакнете со ладна вода.

Откако прочитавте како да ја одржувате кожата здрава и сјајна со помош на алое вера, можеби ќе сакате да прочитате и дали сокот од алое вера навистина прави чуда за вашиот организам.

Извор: pinkvilla.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар