КАФЕ ПАУЗА

Нутриционистите препорачуваат: Ова се најздравите намирници за ноќна закуска!

Нутриционистите препорачуваат: Ова се најздравите намирници за ноќна закуска!

На сите им е добро познато правилото дека јадењето доцна навечер не е здраво со оглед на тоа што може да предизвика стрес, но и да ја покачи телесната тежина. Сепак, да бидеме искрени – речиси никој од нас не може да му одолее на искушението да го отвори фрижидерот во кое било време од ноќта, особено доколку сме навистина гладни. Која би била нашата најздрава опција во тој момент? Еве што препорачуваат нутриционистите.rnrnНутриционистите препорачуваат: Ова се најздравите намирници за ноќна закуска!rn

1. Риба

rnРибите како туната, скушата и лососот се сметаат за здрава опција бидејќи содржат значителна количина на витамин Д. Овој витамин му помага на вашиот организам да го регулира нивото на калциум и да ја одржува функцијата на бубрезите, паратироидната жлезда. Овие видови риба содржат и омега-3 масни киселини кои служат како антиинфламаторни агенси и се добри за мозокот. Истражувањата покажале дека масните киселини можат да ја зголемат количината на серотонин и да го подобрат квалитетот на сонот. Покрај тоа, рибите содржат хранливи масла кои се добри за телото и кожата.rn

2. Бел ориз

rnИ покрај тоа што белиот ориз содржи пониска количина на влакна и антиоксиданси во споредба со кафениот ориз сепак содржи доволно хранливи материи како што се тиамин, фолна киселина и манган и затоа е одлична опција за ноќен оброк. Покрај тоа, белиот ориз се карактеризира со висок гликемиски индекс. Преку овој индекс се одредува колку може да се зголеми нивото на шеќер во телото со консумирање одреден вид храна. Тоа значи дека консумирањето храна со висок гликемиски индекс, се подобрува квалитетот на сонот најдоцна еден час пред спиење.rn

3. Банана

rnБананите спаѓаат во најдобрите намирници за консумирање навечер поради тоа што се богати со калиум и триптофан кои значително можат да го подобрат сонот. Покрај тоа, бананите изобилуваат со витамини и антиоксиданси.rn

4. Житарки

rnЖитарките се одличен извор на влакна, но и нискокалорични. Овесните житарки содржат и голема количина на мелатонин, состојка која поволно влијае врз сонот.rn

5. Јогурт

rnНезасладениот јогурт е една од најздравите опции за вечерна ужинка, подеднакво добар и за децата и за возрасните со оглед на тоа дека е богат извор на калциум. Како што знаете, калциумот е неопходен минерал за раст на коските, но и за олеснување на мускулните контракции на скелетните, мазните и срцевите мускули.rn

6. Јајца

rnЈајцата се одличен извор на протеини и не содржат многу калории. Тие се лесни за приготвување, а згора на тоа содржат триптофан која е одлична состојка за мирен сон.rn

7. Мед

rnСпоред нутриционистите медот дефинитивно заслужува да биде дел од вашата ноќна закуска со оглед на неговите здрави својства. Пред сè, медот е хранлив и не содржи многу калории, а од друга страна го зголемува производството на мелатонин, хормонот на сонот, познат како хормон на долговечноста. Згора на тоа, медот содржи здрави шеќери како фруктоза и гликоза и може поволно да влијае врз нивото на шеќер во организмот.rnrnОткако прочитавте кои намирници се здрави за консумирање навечер, можеби ќе сакате да прочитате и кој е најдобриот дел од денот за консумирање овошје.rnrnИзвор: lifehack.org