Тест: Изберете змеј и откријте која е мисијата на вашата душа
Секој од нас доаѓа со посебна мисија на овој свет. Доволно е да изберете една од овие слики и да откриете која е вашата.
Змеј бр. 1
Дали забележавте дека постојано се обидувате да одите напред, но секогаш кога ќе добиете дополнителни приходи се јавуваат неочекувани трошоци? Најважно од сè е да се соочите со стравот дека нема да се ослободите од овие финансиски ограничувања. Запрашајте се дали овој страв се јавува како резултат на помислата дека не заслужувате да имате повеќе во животот. Од друга страна, можеби сте уверени дека секогаш кога редите успеси, нешто доаѓа во вашиот живот и ви го одзема она што тешко сте го заработиле. Вашата задача во овој живот е да работите на подигање на свеста. Ветете си дека ќе направите сè што е можно за да го тренирате вашиот ум да не мисли дека парите ќе исчезнат веднаш штом ќе се појават. Можете да напредувате во финансиска смисла, иако тоа би било бавно на почетокот.
Змеј бр. 2
Дали се чувствувате несреќно во овој момент? Дали повеќе се грижите за туѓите потреби отколку за вашите? Една од причините зошто е тоа така е дека најверојатно вашата личност премногу зависи од пофалбите на другите. Ваша задача е да откриете кои сте вие, да ги споделувате вашите таленти и способности со светот. Односот на другите кон вас ви значи и правите сè за да им помогнете, дури и кога тие не бараат помош од вас. Ова е причината зошто сте честопати разочарани и зошто луѓето имаат тенденција да ја искористат вашата добрина. Од денес започнете да работите повеќе на вашата самодоверба. Размислете кои се вашите вештини и интереси и најдете време за нив. Нека вашите цели ви бидат приоритет, а за сето останато ќе се погрижи судбината.
Змеј бр. 3
Дали ви се случило да не можете да ѝ ставите крај на нездравата и зависна врска, без разлика дали се работи за личен или професионален живот? Можеби одговорот лежи во вашиот страв од осаменост како и стравот да дадете отказ. Свесни сте дека не можете да продолжите вака, но се плашите од промени. Направете самоанализа и откријте кој е изворот на ова однесување. Од друга страна, ако се анализирате себеси подетално, ќе сфатите дека имате сè што ви треба за да се справите со нови предизвици. Откријте и каде лежи коренот на стравот од напуштање. Сега е вистинското време да ја залечите оваа рана, да бидете посамоуверени и да им ставите крај на ситуациите кои нема да ви донесат никаква корист.
Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг и да откриете со каква внатрешна убавина зрачи вашата душа.
Извор: atma.hr