Како да престанете да ги сфаќате лично работите?

Како да престанете да ги сфаќате лично работите?

Секој од нас имал лош ден во животот. Несоница, хормонална нерамнотежа и нарушениот метаболизам влијаат врз нервниот систем и одеднаш станувате чувствителни на туѓите мислења. Нечиј несоодветен коментар, намуртен поглед или некаква критика е доволно за сериозно да ве загрижи. Општопознато е дека зголемената чувствителност се јавува како резултат на ниската самодоверба па затоа од големо значење е да знаете како да воспоставите контрола врз ситуацијата. За да ја одржите самодовербата, доволно е да практикувате мирен став кон мислењето на другите, а во продолжение следуваат неколку совети кои ќе ви помогнат да станете посилни и да не сфаќате сè лично.

Како да престанете да ги сфаќате лично работите?

1. Останете смирени

Конструктивната критика може да ви биде од голема помош и да ве насочи кон вистинскиот правец. Друга работа е ако некој колега или пријател се пошегува на ваша сметка или остро ве критикува. Во таков случај важно е да покажете воздржаност. Не се препорачува да избегате од канцеларија плачејќи или да трескате врати. Не брзајте со одговорот и полека вдишете и издишете. На овој начин ќе му дадете можност на соговорникот да ја препознае грешката и да се извини. Доколку не добиете извинување, сепак не треба да се лутите на оваа личност.

2. Имајте ја предвид поголемата слика

Лошото расположение се јавува како резултат на физиолошки причини: болка, исцрпеност, недостаток на енергија или ако нешто во животот не е како што треба. Кога некој ви истура негативни емоции тоа е затоа што не може да се справи со некаков внатрешен конфликт. Доколку дојде до недоразбирање, најдобро е да се реши на лице место пред да премине во нешто поголемо. Психолозите ви препорачуваат секогаш да имате на ум дека зад туѓите несоодветни зборови се крие некаква болка.

3. Користете ја критиката како алатка за личен развој

Критиката може да влијае врз расположението и на најтврдокорните личности. Сепак, интензитетот на емоции слабее како што лека-полека ги анализирате коментарите. Важно е да знаете дека негативната критика може да се користи за развој на личноста. Доколку сте испровоцирани од коментарите за вашето однесување или вашиот карактер, можеби и има вистина во кажаното. Во таа насока, не отфрлајте ја можноста дека токму овие коментари ќе ви помогнат да се подобрите себеси.

Откако ги прочитавте нашите совети за како да не ги сфаќате лично работите, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци укажуваат на тоа дека сте емоционално зрела личност.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар