Ресвератролот е антиоксиданс кој за прв пат бил откриен од страна на јапонскиот научник Мичио Такаока во 1939 година, но неговите здравствени придобивки не биле истражени докрај сè дури научниците не го откриле неговото присуство во црвеното вино.rnrn
rnrnРесвератролот е полифенол, природно соединение кое се наоѓа во растенијата. Полифенолите најчесто имаат антиоксидантни својства и играат голема улога во заштитата на растенијата (но и животните) од оксидативен стрес и клеточно оштетување. Ресвератролот се наоѓа во голем број намирници и пијалаци како грозје, кикирики, црвено вино, какао и бобинки.rnrnСтанува збор за уникатен фитонутриент со многу поволни биолошки својства како антиоксидантни и антиинфламаторни карактеристики. Покрај другото, придонесува и за нормалното одвивање на кардиоваскуларните и когнитивните функции. Ова се неговите здравствени придобивки:rn
Претставува моќен антиоксиданс
rnРесвератролот е моќна антиоксидантна фитохемикалија која му помага на телото да се ослободи од слободните радикали.rn
Придонесува за клеточната еластичност и долговечност
rnНамалување на бројот на митохондриите во клетките е знак за стареење, но и аларм за можни здравствени проблеми. Ресвератролот го регулира и заштитува здравјето на митохондриите и придонесува за биогенеза (процес на синтеза на митохондриите), што од друга страна влијае поволно врз работата на срцето, мозокот и целиот организам.rn
Ја подобрува когнитивната функција
rnИстражувањата покажале дека додатоците со ресвератрол го зголемуваат протокот на крв, ја подобруваат меморијата, но и целокупната когнитивна функција.rn
Ја регулира васкуларната функција
rnРесвератролот придонесува за одржување на здравјето на срцето бидејќи ги намалува васкуларниот оксидативен стрес и артериската вкочанетост и го регулира нивото на крвниот притисок.rn
Го одржува имунолошкиот систем
rnБлагодарение на своите антиоксидантни и антиинфламаторни својства, ресвератролот го одржува имунолошкиот систем преку регулирање на производството и рамнотежата на имунолошките клетки.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од ресвератролот, можеби ќе сакате да прочитате и кои видови суперхрана можат да ја спречат појавата на рак.rnrnИзвор: mindbodygreen.com