Полна Месечина во Лав од 16 февруари: Конечно ќе го привлечеме она што го посакуваме!

Полна Месечина во Лав од 16 февруари: Конечно ќе го привлечеме она што го посакуваме!

Полната Месечина во знакот Лав на 16 февруари ќе ни донесе важна мисија, а тоа е да откриеме која е нашата судбина и како да се избориме за она што го посакуваме. Во овој период, месечевата енергија ќе ни помогне да сфатиме дека нашата среќа не е недостижна бидејќи се наоѓа во нас самите!

Полна Месечина во Лав од 16 февруари: Конечно ќе го привлечеме она што го посакуваме!

Токму оваа енергија ќе нè насочи кон нашата најважна цел поврзана со нашата кариера. Во овој период ќе можеме подобро да го организираме времето, ќе бидеме склони кон промени и ќе планираме патувања – ќе направиме сè за да постигнеме хармонија на умот, телото и духот.

Пробајте да ги елиминирате негативните чувства и ставете им крај на мислите дека треба да работите напорно за да ја пронајдете вашата цел бидејќи таа веќе се наоѓа внатре во вас.

Доколку досега ве мачеа некакви опсесивни мисли, сега е време да направите самоанализа. Отворете ги сите карти и набљудувајте како се раѓаат новите идеи. Месечината е тука за да ве потсети дека треба да се фокусирате на вашата радост и на нештата кои ве прават среќни. Чувството на радост ќе ви помогне да се поврзете со вашето вистинско „јас“.

Патот на радоста и патот на целта честопати се преплетуваат. Следејќи го едниот, ќе го пронајдете и другиот. Ако се наоѓате во тежок период или пак се чувствувате исфрустрирани од настаните кои моментално се случуваат околу вас, дозволете ѝ на месечевата енергија да ви пружи помош и утеха. Потсетете се дека сè е привремено и минливо и дека животот треба да го гледате од посветла перспектива.

Ќе откриете дека смеата е моќен, а бесплатен лек. Затоа, дружете се почесто со пријателите, гледајте комедии, препуштете му се на животот и уживајте. Месечевата енергија ќе биде надополнета со онаа на Марс и Венера и ќе ги разбуди креативноста и страста во вас. Ова е моментот да го отворите своето срце и да се поврзете со вашите моќи и таленти. Доколку станете свесни за присуството и значењето на овие енергии, ќе имате повеќе шанси да го привлечете она што го посакувате. Покрај тоа, тие ќе ви помогнат да се чувствувате моќно и да се поврзете со себе.

Месечевата енергија ќе ви помогне особено доколку сакате да ја подобрите романтичната врска, да воспоставите интимен однос со вашето тело, со вашата сексуалност. Згора на тоа, тоа ќе ви помогне да се прифатите онакви какви што сте, да се чувствувате самоуверено во ваша кожа, но и да носите важни одлуки. Доколку трагате по одговори, доволно е да погледнете внатре во себе.

Откако прочитавте како ќе ни влијае полната Месечина во знакот Лав, можеби ќе сакате да прочитате и кој од хороскопските знаци ќе ја запознае својата сродна душа во февруари.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини