Превкусен, а супер брз за приготвување: Рецепт за тестенини со ореви и магдонос

Превкусен, а супер брз за приготвување: Рецепт за тестенини со ореви и магдонос

Како што ви е добро познато, песто сосот е традиционален специјалитет кој потекнува од Италија. Најпознатото песто е pesto alla genovese, кое се состои од свеж босилек, рендан пармезан, пињоли, лимон, лук и маслиново масло.

Превкусен, а супер брз за приготвување: Рецепт за тестенини со ореви и магдонос

Сепак, поради високата цена на пињолите, овој зелен сос често се прави со бадеми или ореви, а наместо босилек можете да користите магдонос. Доколку ги имате сите овие состојки при рака како и добар блендер, доволни ви се 15 минути за да го зготвите овој едноставен, а превкусен специјалитет.

Потребни состојки:

  • 400 грама тестенини
  • 65 милилитри маслиново масло
  • 55 грама свеж магдонос
  • 30 грама ореви
  • 25 грама рендан пармезан
  • 2 чешниња лук
  • сол по желба

Начин на подготовка:

1. Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето.

2. Во меѓувреме направете го сосот. Во блендер ставете ги свежите листови магдонос, оревите, излупените чешниња лук, маслиновото масло и пармезанот. Мешајте сè додека не добиете мазна смеса. Пробајте го сосот и посолете по желба.

3. Измешајте ги сварените тестенини со пестото и веднаш послужете. Добар апетит!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за тестенини со ореви и магдонос, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за тестенини со вкусен сос од тиквички и путер.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар