За кого ќе биде најсреќна, а за кого најнесреќна годината на Тигарот?

За кого ќе биде најсреќна, а за кого најнесреќна годината на Тигарот?

Според астрологот Николас Аујула, 2022 ќе биде најнесреќната година за оние кои се родени во годината на Тигарот, додека родените во годината на Волот ќе уживаат во финансиска благосостојба и ќе постигнат голем успех во полето на љубовта.

За кого ќе биде најсреќна, а за кого најнесреќна годината на Тигарот?

2022 година ќе биде најнесреќна за луѓето родени во 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, и 2010 година. Според познатиот астролог, 2022 година „ќе ви биде година на променлива среќа во љубовта, па затоа најдобро е да немате премногу големи очекувања. Доколку сте во врска или брак, ќе сфатите дека надворешните фактори ви влијаат врз емотивниот живот. Затоа од големо значење е да зборувате за проблемите со вашиот партнер. Кариерата ќе се развива исто така со побавно темпо. Доколку сакате да напредувате, неопходно е да вложите повеќе труд и напор. Најважно од сè е да бидете трпеливи и да не очекувате дека идеите веднаш ќе се реализираат. Ве очекуваат многу пречки на патот, но на крајот ќе ја постигнете вашата цел и тоа кон крајот на 2022 година. Бидете внимателни што се однесува до луѓето во ваша близина, особено колегите кои гледаат на сопствените интереси.

2022 година пак, ќе биде најсреќна за луѓето родени во 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997 и 2009. Оваа година ќе ви донесе голем успех во љубовното поле, па доколку сте во врска можно е и да очекувате венчавка. Во следниот период ќе ги зацврстите односите со луѓето кои ви значат. Доколку пак сте слободни, ќе имате можност да започнете стабилна врска по која копнеете долго време, само не брзајте. Уживајте во процесот на запознавање. Покрај тоа, ќе остварите напредок и на професионален план. Не плашете се да побарате помош од поискусните колеги, а таа не само што нема да ви биде одбиена, туку и ќе ви донесе нови можности. Секако, не игнорирајте ги и контактите на социјалните медиуми. Мај, јули и септември ќе бидат клучните месеци за вашиот професионален напредок.

Откако прочитавте за предвидувањата на познатиот астролог, можеби ќе сакате да прочитате и каква лекција го очекува секој хороскопски знак во 2022 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар