Месечен љубовен хороскоп за февруари 2022 година

Месечен љубовен хороскоп за февруари 2022 година

Прочитајте како ќе ви бидат ѕвездите наклонети во февруари од аспект на љубовта и романтичните врски.

Месечен љубовен хороскоп за февруари 2022 година

Овен

Во февруари ќе се појави личност која ќе придонесе за вашата самодоверба и ќе открие дел од вашите таленти. На почетокот врската ќе биде пријателска и ќе помине многу време пред да сфатите дека имате чувства еден за друг. Доколку веќе имате сродна душа, меѓусебното незадоволство може да доведе до отуѓување на еден од друг, но разговорот може да ви помогне да ги надминете проблемите.

Бик

Оние од вас кои се слободни, најверојатно во февруари ќе бидат скептични кон сите припадници на спротивниот пол бидејќи честопати ќе се сеќавате на минатите љубовни неуспеси. Ако веќе сте во врска, тогаш таа ќе стане посилна бидејќи во периодот што следува подобро ќе ги разберете постапките на партнерот.

Близнаци

Постои голема веројатност дека во февруари ќе ги продлабочите односите со нова личност. На почетокот ќе изгледа како да се забавувате и дека сакате да ги скриете вашите вистински мисли. Но, подоцна ќе започне вистинска романса. Доколку сте во врска, обидете се да ги решите сите конфликти и да се фокусирате на сегашноста.

Рак

Во февруари ќе се обидете да изградите врска со некого кого воопшто не сте го гледале како љубовен партнер. Иако не ја разбирате оваа личност докрај, сепак меѓу вас ќе се појават силни емоции. Ако веќе сте во врска, имајте предвид дека комуникацијата е клучна кога станува за решавање на проблемите и конфликтите.

Лав

Лавовите ги очекува турбулентна љубов во февруари. Можно е вашите чувства да се засноваат на долгогодишна приврзаност кон другата личност, а токму вие ќе бидете пример за тоа дека вистинската љубов може да се роди од пријателство. Доколку веќе сте во врска, одбегнувајте расправии за ситници.

Девица

Во февруари ќе бидете импресионирани од некого кој постојано ги прекршува правилата, па така шармот на оваа личност за кратко време ќе ве заведе. Но, не заборавајте дека не вреди да се откажувате од она што го цените поради нечиј шарм – тој брзо ќе исчезне. Доколку сте во врска, можете да постигнете нови заеднички цели само доколку се охрабрувате еден со друг.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар