Француски десерт без брашно за чија подготовка ви се потребни само 10 минути
Кога станува збор за десертите, pot de crème е француска класика за чија подготовка ви се потребни само 10 минути. Садовите полни со чоколаден крем можат да се комбинираат со овошје, кора од цитрус или шлаг, но за основната верзија ви се потребни само неколку состојки како квалитетно чоколадо, павлака, жолчки и малку шеќер.
Потребни состојки:
- 170 грама квалитетно темно чоколадо
- 475 милилитри шлаг без шеќер
- 3 жолчки
- 1/8 лажичка сол
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 45 грама шеќер (по избор)
Начин на подготовка:
1. Чоколадата ситно се сечка и се става во блендер.
2. Кремот, жолчките, шеќерот и солта се варат во тенџере на средна температура и се промешуваат сè додека не се соединат. Внимавајте да не дојде до згрутчување на јајцата.
3. Топлата смеса истурете ја во блендерот со чоколадото, додадете ја ванилата и мешајте додека кремот не се изедначи. Истурете ја смесата во чинии и оставете ги во фрижидер околу 6-8 часа.
4. Садовите нека бидат на собна температура 10 минути пред да ги послужите. Добар апетит!
Откако го прочитавте рецептот за овој брз, но неодолив француски десерт, можеби ќе сакате да прочитате и рецепт за овошни мафини без брашно.
Извор: punkufer.dnevnik.hr