КАФЕ ПАУЗА

10 намирници кои ќе ви овозможат подобар сон

10 намирници кои ќе ви овозможат подобар сон

Ако сакате добро да спиете, внесувајте храна богата со триптофан и витамин Б6 кои го зголемуваат лачењето на хормонот за спиење или мелатонин. Во продолжение прочитајте кои намирници треба да бидат повеќе застапени во вашата исхрана доколку сакате да го решите проблемот со несоницата.rnrn10 намирници кои ќе ви овозможат подобар сонrn

1. Житни снегулки

rnИако многумина ги јадат за појадок, житните снегулки се идеални и за вечера, особено доколку ги комбинирате со топло млеко кое делува смирувачки. Покрај тоа, повеќето видови снегулки содржат витамин Б6, еден од најважните витамини во организмот кој го регулира биолошкиот часовник, спиењето и когнитивната функција.rn

2. Хумус

rnНаутот кој се содржи во хумусот изобилува со триптофан и витамин Б6. Доколку навечер пред заспивање почувствувате глад, можете да изедете парче интегрален леб со овој вкусен намаз.rn

3. Банана

rnБананите содржат триптофан, но и магнезиум и калиум кои ги опуштаат мускулите поради што овозможуваат поквалитетен одмор во текот на ноќта.rn

4. Цели житарки

rnБулгурот, јачменот и другите цели зрна се богат извор на магнезиум што ќе ви помогне да одржувате непрекинат сон. Покрај тоа, тие го стимулираат и производството на инсулин што, од друга страна, го активира триптофанот во организмот.rn

5. Семки

rnОд сончоглед па сè до лен и сусам, семките се добар избор кога сте гладни, а времето за одмор сè уште не дошло. Тие се одличен извор на триптофан и можат да бидат одлична замена за производите од животинско потекло.rn

6. Кељ

rnКељот е зеленчук со висока концентрација на калциум кој, од друга страна, помага за нормалното функционирање на хормонот за спиење, мелатонин.rn

7. Јогурт со мед

rnТоплото млеко е вообичаен природен лек за несоница поради неговата висока концентрација на калциум што им помага на луѓето да ги искористат придобивките од мелатонин и триптофан во организмот. Но, секој млечен производ содржи калциум па затоа нутриционистите ви препорачуваат да пробате јогурт со мед пред спиење.rn

8. Сирење и крекери

rnАко претпочитате поспецифична храна, сирењето и интегралните крекери исто така ќе ви помогнат да имате подобар ноќен одмор.rn

9. Јаткасти плодови

rnЈаткастите плодови како бадемите, оревите и кикиритките содржат умерени количини триптофан, а истовремено и заситуваат, па се одлично решение за оние кои не сакаат да си легнуваат на празен стомак.rn

10. Лосос и туна

rnЗа да ја одржувате потребната количина на мелатонин во крвотокот, почесто јадете храна богата со витамин Б6, како лосос или туна.rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со намирници за подобар сон, можеби ќе сакате да прочитате и недостатокот на кои 4 витамини предизвикува несоница.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr