6 работи кои беа карактеристични за 2021 година и кои би сакале да ги задржиме

6 работи кои беа карактеристични за 2021 година и кои би сакале да ги задржиме

Доколку некој ни кажеше на новогодишната ноќ во 2019-та година дека во наредните две години ќе се справуваме со разорна пандемија, најверојатно немаше да поверуваме. За жал, додека се збогуваме со втората година откако почна глобалната криза со коронавирусот, реалноста веќе ни е јасна на сите. „Новото нормално“ сега веќе и не е толку ново. Иако имаме вакцини сепак сè уште не можеме да се опуштиме со оглед на тоа дека се појавуваат нови варијанти. Од друга страна, одредени аспекти од пандемскиот живот во 2021 година ни годеа и сите се надеваме дека ќе опстанат и во новата година. Проверете во продолжение за што станува збор.

6 работи кои беа карактеристични за 2021 година и кои би сакале да ги задржиме

1. Опцијата за работа од дома

Во новата година се надеваме дека повеќето работодавци ќе ги видат континуираните придобивки од работењето од дома. Истражувањата покажале дека продуктивноста не трпи штета доколку работниците не се во канцеларија, а во некои случаи дури и била зголемена.

2. Дома е идеалното место за одмор

Се чини дека дури и екстровертите сфатија дека после напорната работна недела сè што ни треба е мир и тишина што во голема мера може да ни ја обезбеди домот.

3. Поголем пристап

Во текот на последните две години, апликациите како Zoom и Google Meeting ни овозможија да присуствуваме на видео конференции и семинари повеќе од кога и да било. Не секогаш сме во можност да присуствуваме на такви активности (било поради финансиски причини или едноставно немање време) но, сето тоа се промени како резултат на пандемијата.

4. Менталното здравје веќе не е табу тема

Сите сме свесни за тоа колку е важно менталното здравје, но дискусиите во оваа насока се интензивираа особено за време на пандемијата. Дури и работодавците станаа посвесни за тоа: сè повеќе компании организираат активности со цел подигнување на свесноста за менталното здравје и грижата за себе.

5. Сфативме дека токсичната продуктивност може да претставува проблем и дека не живееме само за да работиме

Ако во 2021 година сфативме колку токсичната продуктивност е распространета ширум светот, ајде во 2022 година да се обидеме да прифатиме дека „доволно добро“ всушност е навистина добро. Токсичната продуктивност во суштина е нездрава желба да се биде продуктивен во секој време и по секоја цена. Нашиот живот е многу повеќе од она што го правиме од 9 до 17 часот.

6. Важен е квалитетот, а не квантитетот кога станува збор за пријателства

Пандемијата ни помогна да сфатиме колку само е точна поговорката дека вистинскиот пријател се познава во неволја. Не е важно колкав е вашиот круг на пријатели – доволно е да имате и макар еден кој ќе биде тука за вас особено во тешките времиња.

Откако прочитавте за тоа кои 6 работи беа карактеристични за 2021 година, а кои би сакале да ги задржиме и во 2022, можеби ќе сакате да прочитате и зошто не треба постојано да се потсетувате на деновите пред пандемијата.

Извор: huffpost.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар