Оваа недела космосот ќе ни овозможи да им се посветиме на нашите скриени желби и големи се можностите да ни се остварат. На почетокот на неделата, Марс, планетата на акцијата и дејствувањето, ќе се поврзе со Плутон и Јупитер, а тоа ќе нè поттикне да бидеме особено амбициозни и желни за успех. Во продолжение прочитајте ги предвидувањата на астролозите за секој од хороскопските знаци во следните денови.rnrn
rn
Овен
rnОваа недела ќе имате можност да се поврзете со луѓе кои би можеле да ви помогнат во остварувањето на вашите цели. Се работи за луѓе кои ја делат вашата визија и кои ќе ви бидат од голема помош при реализирање на вашите главни планови за 2022 година. Вашата моќ за привлекување нема да остане незабележана, особено од страна на некој од колегите но размислете двапати пред да ги помешате бизнисот и работата.rn
Бик
rnОва е време кога треба да ја насочите сопствената енергија на интроспекција. Конјукцијата на Венера и Плутон ќе го насочи вашето внимание кон вашите подлабоки желби и како тие се рефлектираат врз вашите лични и деловни односи. Обратете внимание на знаците кои многу кажуваат за промените што треба да ги направите додека завршува 2021 и започнува 2022 година. На повидок е огромна трансформација!rn
Близнаци
rnВо текот на следните денови ќе бидете доведени во ситуација да се чувствувате збунето. Со оглед на тоа дека вашиот владетел, Меркур, ќе наиде на судир со Нептун, се очекува нарушување на комуникацијата на личен и деловен план и тоа во почетокот на неделата. За време на викендот размислете за тоа кои цели сакате да ги остварите во наредната година. Не грижете, Јупитер е овде да ве поддржи за да размислувате оптимистички.rn
Рак
rnКонјукцијата на Венера и Плутон ќе влијае врз подобрување на вашите односи со луѓето кои ви значат. Како интуитивен воден знак, вие сте неверојатно вешти во привлекувањето внимание, особено кога сакате да го постигнете тоа. Но, оваа недела вашето однесување може да стане посесивно па дури и манипулативно, ако не сте внимателни. Овој викенд Месечината во знакот Риби ќе ви помогне да се поврзете со вашата интуиција.rn
Лав
rnВо текот на следните денови, вашите мисли ќе бидат насочени кон една и единствена врска – без разлика дали се работи за љубовна или деловна. Свесни сте дека за нејзиното функционирање потребно е да вложите труд и дека енергијата што ќе ја вложите нема да помине без награда. Доколку се работи за романтична врска, можно е да се комплицираат работите во средината на неделата, но не очајувајте – ќе најдете начин како да ги решите недоразбирањата.rn
Девица
rnВашата комуникација со партнерот ќе биде нарушена во периодот што следува па затоа добро би било да запомнете дека не треба брзо да судите бидејќи подоцна може да зажалите. Наместо да трошите премногу енергија на нарушените односи, обидете се да ја насочите кон нешто што ве прави исполнети како читање книга, гледање филм или некое друго хоби.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn