Здравствени придобивки од пиењето сок од аронија

Здравствени придобивки од пиењето сок од аронија

Аронијата спаѓа во родот на листопадни грмушки, а географски потекнува од Северна Америка. Растението е раскошно и бујно и обично расте од 1 до 6 метри. Расте во близина на мочуришта и шуми, а кај нас единствен услов за одгледување на домашната аронија е влажноста на почвата.

Здравствени придобивки од пиењето сок од аронија

Занимливости за аронијата

Аронијата е вистински пријател на луѓето кои се постојано под стрес, а тоа ќе ви го покажеме со неколку примери. По катастрофата во Чернобил, на локалното население му било давано плодови од ова овошје за полесно да закрепне, а Русите го користеле и во својата вселенска програма. Аронијата е погодна и за професионалните спортисти, но и оние кои интензивно се занимаваат со физичка активност. Нивниот тренинг не може да се замисли без консумирање сок од аронија кој го освежува целиот организам.

Аронијата и нејзините производи се погодни за целото семејство

Прашањето кое често се поставува во врска со сокот од аронија и другите производи од ова овошје е дали децата смеат да го консумираат. Одговорот е да. Возрасните можат да пијат до три мали чаши од овој сок. Се препорачува луѓето со ослабен имунитет и оние кои се склони кон чести настинки да пијат 3 мали чаши сок од аронија половина час пред секој оброк. Децата смеат да пијат половина од таа количина. Оние пак, кои немаат проблеми со имунитетот, можат да пијат по една чашка дневно. Ако децата одбиваат да го пијат сокот, постојат други варијанти како мармалади од аронија.

Зошто да пиете сок од аронија?

Аронијата е позната по големата количина на антиоксиданси благодарение на состојките како танин, антоцијаните и флавоноидите. Аронијата помага при главоболки и мигрена бидејќи ја подобрува циркулацијата на крвта во крвните садови. Доколку страдате од мигрена, сокот од аронија е вистинското решение за вас. Сокот од аронија треба да го пијат исто така сите луѓе со висок крвен притисок бидејќи го намалува, но тоа не значи дека лицата со низок притисок не треба да го пијат. Сокот од аронија може да биде и дел од терапијата на луѓето кои доживеале срцев и мозочен удар. Може да се заклучи дека аронијата ја зајакнува циркулацијата, го штити срцето и го регенерира мускулното ткиво.

Откако дознавте за здравствените придобивки од сокот од аронија, ви препорачуваме да прочитате и рецепт за вкусен и миризлив ликер од аронија.

Извор: centarzdravlja.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар