Магична кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушни
Богатото и историско културно наследство на градот Дуџјиангјан во Југозападна Кина, град со историја од околу илјада години, го краси и иновативниот дизајн на книжарницата Zhongshuge, чија оптичка илузија ја прави книжарницата да изгледа како бесконечна библиотека.
Овој ефект е постигнат благодарение на огледалата сместени на таванот, спиралните скали и заоблените сводови. Главен архитект на книжарницата е Ли Шјианг, основач на архитектонското студио X+Living со седиште во Шангај, а била свечено отворена во есента 2020 година.
Во продолжение погледнете ги сликите од книжарницата чиј надреалистички дизајн сигурно нема да ве остави рамнодушни.
Откако прочитавте за надреалистичкиот дизајн на кинеската книжарница, можеби ќе сакате да прочитате и за книжарницата во Пекинг со магичен тунел од книги.
Извор: designyoutrust.com