КАФЕ ПАУЗА

Совети за како да го препознаете и како да се справите со стомачниот вирус

Совети за како да го препознаете и како да се справите со стомачниот вирус

Причината за големиот број пациенти со стомачен вирус е тоа што лесно се пренесува, а маските во овој случај и не се толку ефикасни. Најчесто се внесува во организмот преку валканите раце. Во услови на пандемија со ковид-19 имунитетот на сите е генерално послаб што дополнително го олеснува преносот на вирусот.rnrnСовети за како да го препознаете и како да се справите со стомачниот вирусrn

Симптоми

rnСимптомите на стомачниот вирус вклучуваат чувство на гадење и омалаксаност, повраќање и дијареа, а се резултат на губење на електролитите од организмот.rn

Дијагноза

rnПациентите најпрвин доставуваат примерок за микробиолошка анализа. Доколку дигестивните проблеми се проследени со висока температура, пациентите се испраќаат на тестирање во ковид центар. Кај голем дел од пациентите, стомачниот вирус се појавува како резултат на вирусот ковид-19.rn

Третман и исхрана

rnПри лекувањето на стомачен вирус се препорачува да се внесуваат колку што може повеќе течности во организмот. Пијте чај, јадете двопек и избегнувајте јајца и млечни производи. Не заборавајте дека треба да продолжите со правилната исхрана и хидратација и откако ќе поминат тегобите. Во првите денови не треба да јадете ништо мрсно или премногу зачинето што би можело да го иритира желудникот. Наместо тоа, внесувајте полесна храна, супи, како и доволно количество на натриум и калиум.rn

Дополнителна терапија

rnНа пациентите кои боледуваат од стомачен вирус, честопати им се дава инфузија како и клометол кој ја намалува мачнината и ги ублажува симптомите. Исто така, пожелно е да се внесуваат витамин Ц и витамин Д во организмот.rnrnОткако прочитавте кои се симптомите и како да се справите со стомачниот вирус, можеби ќе ве интересира да дознаете и кои 6 есенски намирници можат да го зајакнат имунитетот.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs