Секоја сезона се одликува со нови трендови кога станува збор за облека и чевли, така што и оваа сезона не е исклучок. Што се однесува до чизмите, оваа зима се враќаат некои од старите и подзаборавени трендови. Во продолжение проверете кои се тие.
rn
1. Чизми со тенка и ниска штикла
rnТрендот што беше особено популарен во 90-тите е повторно актуелен веќе неколку години. Оваа зима, во мода се ултра шик модели, кои можете да ги најдете изработени од материјали со различна текстура. Меѓу најпопуларните во оваа категорија се беж монохроматските чизми.
rn
2. Стилизирани војнички чизми
rnОвие чизми беа вистински тренд минатата есен, а актуелни се и оваа сезона. Но, оваа зима, стилистите препорачуваат да бидат исклучиво црни.
rn
3. Прилепени чизми
rnОваа зима се препорачуваат чизми од растеглив материјал што совршено ќе се прилепат за нозете. Доколку сте за секси, ретро, но истовремено и модерен изглед, тогаш овие чизми се вистинскиот избор за вас.
rn
4. Златни и сребрени чизми
rnОваа сезона, златните и сребрените чизми се меѓу најактуелните избори што можете да ги направите, било да се работи за дневно или за ноќно излегување.
rn
5. Чизми во боја
rnКрајот на летото не мора да значи дека треба да ги спакувате шарените чизми и алишта за повторно да ги носите наредната летна сезона. Чизмите во боја се дефинитивен хит овој период, особено чизмите со пастелни бои.
Откако прочитавте за модните трендови што се однесува до изборот на чизми оваа сезона, ви препорачуваме да прочитате и кои џемпери ќе бидат во мода оваа есен.

