Најпознатите жени лидерки
Дека жените можат да го прават она што го прават мажите, многупати и многу подобро, сведочат жените лидерки на оваа листа. Ова се само дел од жените кои ја имаат променето историјата.
Најплатениот извршен директор на компанијата Apple
Ангела Арентс е најплатениот извршен директор на американската мултинационална компанија за технологија, Apple. Пет години беше шеф на малопродажниот оддел на Apple, а претходно работела како извршен директор на британската луксузна модна куќа – Burberri.
Првата жена канцеларка на Германија
Во 2005 година, Ангела Меркел постана првата жена канцеларка на Германија. Меркел е прогласена за жена на годината од списанието Time во 2015. Таа е прва жена која ја добила наградата од 1986 година наваму и прва личност од Германија која успеала во тоа по 1970 година.
Првата министерка за финансии на Франција
Кристин Легард беше првата министерка за финансии на Франција во периодот 2007-2011 година. Исто така, таа е првата жена извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд од 2011 до 2019 година, и претседател на Европската централна банка од 2019 година до денес.
Првата жена претседател во Африка
Елен Џонсон Сирлиф е првата жена претседател во Африка. На својата прва кандидатура изгуби од противкандидатот кој потоа беше осуден за воени злосторства. Потоа во 2006 година победи на претседателските избори, а во 2011 година беше реизбрана.
Во 2011 година, заедно со Лимах Гуве и Тавакул Карман, доби Нобелова награда за мир – за нивната ненасилна борба за безбедноста и правата на жената.
Жената која била затворана 13 пати
Емелин Панкхерст постана позната во светот по тоа што била затворана 13 пати. Таа била основач на Женскиот општествен и политички сојуз во кампањата за женско парламентарно гласање во Едвардијанската ера во Британија. Како моќен говорник за општествени реформи, има покренато масовно движење за женските демократски права.
Жената зад првото женско списание
Глорија Стејнем била коосновач на првото феминистичко списание – Ms. Magazine. Ова списание е и прво кое е креирано и уредувано од жени. Стејнем во 1963 година работела како тајна зајачица, како резултат на што ги разоткрила лошите плати и услови за работа во њујоршкиот Плејбој Клуб. Години подоцна, во 2013 година, Американскиот претседател Барак Обама, ѝ доделил претседателски медал на слободата.
Првата жена која ја водеше компанијата Pepsi
Индра Ноји е деловна жена која во 2001 година стана петтиот претседател и извршен директор во дотогашното 42-годишно постоење на брендот Pepsi. Воедно, во тоа време таа била една од 11-те жени извршни директорки на компанија од Fortune 500.
Автор: Катерина Каланоска