КАФЕ ПАУЗА

Дали шминкањето придонесува само за убавина?

Дали шминкањето придонесува само за убавина?

Доколку сте љубители на шминкањето, сигурно сте забележале дека во козметичката индустрија постојано има многу новитети. Не само што новите модни трендови постојано нѐ изненадуваат, туку тие и влијаат на начинот на кој ја доживуваме убавината – сопствената и на тие околу нас.rnrnИако најчесто ја користиме шминката за да изгледаме поубаво и да истакнеме некој дел од лицето, шминкањето носи предности кои одат многу подалеку од подобрување на физичкиот изглед.rnrnДали шминкањето придонесува само за убавина?rnrnКои се предностите од носењето шминка? Дали знаевте дека шминката може да ве промени на многу начини? Прочитајте како…rn

1. Позитивно делува на самодовербата

rnКога ќе се нашминкате и отидете на состанок или на некоја важна средба, се чувствувате подготвено и сигурно, нели? Тоа не е само субјективно чувство туку психолошки феномен познат како ефект на карминот. Шминката ве прави да се чувствувате физички попривлечно, а тоа ви ја зголемува самодовербата. Затоа, кога и да имате важен состанок или важна средба, одделете малку време за да се нашминкате — тоа ќе придонесе да влезете со позитивни мисли на прагот на новите предизвици.rn

2. Формира заштитна бариера на кожата

rnШминката ја штити вашата кожа од сонцето, УВ-зрачење и од загаден воздух. Тенкиот слој шминка создава одлична бариера и го спречува директното дејство на штетните влијанија од околината врз лицето. Иако не може во потполност да го спречи негативното влијание на околината врз кожата, таа значително го намалува ризикот од хиперпигментација или изгореници.rn

3. Има терапевтско дејство

rnВремето кое го одвојувате за шминкање може да го користите за бистрење на мислите и планирање. Нека вашиот омилен дневен ритуал биде периодот кога се посветувате на вашата кожа и лице. Кога ќе ја примените оваа навика ќе почнете повеќе да се цените себеси и ќе станете посвесни за вашата убавина.rn

4. Ја подобрува навиката за секојдневно чистење на кожата

rnОтстранувањето на шминката не е толку забавно колку и нанесувањето, но е многу важно за убаво и чисто лице. Преку чистењето не само што ја отстранувате шминката, туку и се ослободувате од вишокот масти на лицето.rn

5. Ја нагласува вашата убавина на фотографиите

rnЧесто, само тенок слој маскара може да направи да изгледате поубаво на фотографиите. Причината е психолошка, кога сте нашминкани се чувствувате опуштено и на фотографиите изгледате поприродно.rn

Автор: Катерина Каланоска