Луѓе кои се под голем стрес пишуваат СМС и имејл пораки во сон
Оваа појава се јавува поради големиот стрес на кој се изложени сонувачите во текот на денот, а бидејќи се постојано во контакт со некого, тие не можат да ја препознаат разликата.Стресот предизвикува редок феномен во однесувањето, а тоа е пишување и испраќање СМС-пораки за време на спиењето, а за тоа овие луѓе не се свесни воопшто. Луѓето кои испраќаат пораки додека спијат, најчесто имаат многу работа и обврски во будна состојба, па тоа ги оптоварува и во сон. Тие и во сон мислат дека треба да бидат секогаш спремни. Австралискиот стручњак за спиење д-р Дејвид Канингтон од центарот за нарушувања во спиењето од Мелбурн, тврди дека поради постојаното примање и испраќање пораки и мејлови, овие луѓе тешко разликуваат јаве од сон.
Испраќањето СМС-пораки во сон е нов феномен, додека праќањето мејл е воочено уште во 2008 година и е почеста појава, но и поопасна бидејќи мејл најчесто се испраќа на колеги и шефови.
Доктор Канингтон објаснува дека имаат пациентка која пишува и испраќа мејл додека цврсто спие, а потоа не се сеќава на ништо кога ќе се разбуди. Такви случаи има сè повеќе, вели тој, а тоа може да биде многу штетно за тие луѓе и нивната околина, бидејќи мејл можете да испратите на колегите од работа и да ја доведете својата кариера во прашање, додека СМС најверојатно ќе им испратите на пријателите и семејството.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.