КАФЕ ПАУЗА

5 работи што ги прават Азијките за да изгледаат помладо

Азијките се познати по нивниот младешки изглед. Главна улога во тоа имаат нивната мотивација и желбата да изгледаат убаво и над 50 години. Обидете се да примените дел од нивните навики за и вие да изгледате помладо.rn

1. Оризова вода

rnТаа е позната состојка во многу јапонски и кинески производи за нега на кожа, бидејќи се користи против стареење и ја осветлува кожата. Може да побарате некој ваков производ или да направите оризова вода дома и да ја користите пред чистење на лицето, за хидратација на кожата, но и за омекнување и сјај на косата. Оризовата вода е важно да биде чиста.rnrn5 работи што ги прават Азијките за да изгледаат помладоrn

2. Двојно чистење на лицето

rnТехниката на двојно чистење на лицето е една од омилените во Кореја и Јапонија бидејќи со неа се отстрануваат сите нечистотии по носење шминка или користење крема за сончање. Првото чистење најчесто е со производ на база на масло, бидејќи тоа ја смирува кожата и ја ослободува од несаканите масни материи во порите.rnrnВториот производ е најчесто на база на вода. Тоа дополнително ги отстранува сите остатоци и им помага на другите производи за нега на кожа, да навлезат длабоко и да ја омекнат текстурата на кожата.rnrn5 работи што ги прават Азијките за да изгледаат помладоrn

3. Производи со секрет од полжав

rnСекретот од полжав се користел уште во античка Грција бидејќи претставува комплекс од хијалуронска и гликолична киселина, а содржи и цинк. Сите три состојки се добри за кожата и ја прават сјајна, а цинкот дополнително ја намалува иритацијата на кожата.rnrn5 работи што ги прават Азијките за да изгледаат помладоrn

4. Чај од лимонска трева

rnОсвен по убавиот мирис и ароматичниот вкус, чајот од лимонска трева е познат и по тоа што е одличен за детоксикација и варење на храната, менструални болки и надуеност, но и за поздрава и посјајна кожа.rnrn5 работи што ги прават Азијките за да изгледаат помладоrn

5. Лист маска

rnЕден од најдобрите начини за грижа на кожата е користењето лист маска богата со состојки против стареење, како колагенот. Многу е практична за користење, а има многу придобивки за кожата меѓу кои и намалување на брчките.rnrn5 работи што ги прават Азијките за да изгледаат помладоrn

Автор: Катерина Каланоска