Финансиски хороскоп за оваа есен: Девиците ги зголемуваат приходите, Вагите ги очекуваат долгови
Астролозите ја гледаат есента како период на позитивни промени, а еве што го очекува секој хороскопски знак на полето на работата и парите.
Овен
Овните треба да направат пауза и да размислат за своите желби. Веројатно може да добиете многу повеќе ако „копате“ малку подлабоко. Преземете ја вашата одговорност.
Бик
Есента е вашето време. Сè ќе излезе што е можно најдобро, особено во работите што сте ги планирале за овој период. Есента е идеална за да побарате покачување на платата.
Близнаци
Нема потреба да се сомневате во себе и во околностите и да се грижите, дури ни ако во моментов не ви оди добро. Ситуацијата може да се промени преку ноќ. Но, мирот и довербата во себе и вашите постапки сигурно ќе ви донесат голем профит и многу пари.
Рак
Не очекувајте многу пари – обрнете внимание на малите суми и на малата заработка. Обидете се да бидете внимателни со она што го имате. Вежбајте благодарност и ситуацијата наскоро ќе се подобри.
Лав
Ова не е време за одмор – време е за акција. Сè започнува да се врти околу вашиот бизнис, вашите планови и вашите цели. Имате среќа во финансиите, но внимавајте како ги трошите парите. Избегнувајте непотребни трошоци.
Девица
Есента ќе ви овозможи конечно да го воспоставите саканиот ред во вашата работа и во вашите финансии. Очекувајте добра плата за сработеното. Зголемувањето на вашиот приход може да отвори некои нови врати во вашиот живот во текот есента. Не пропуштајте ги големите можности.
Вага
Вашата благосостојба и вашето богатство се надвор од фокусот оваа есен. Ќе имате наплата на долгови и нема да можете да заштедите пари. Инвестирајте во сериозен проект. Само со инвестирање во работата може да постигнете изобилство.
Скорпија
Треба да направите паралела помеѓу кариерата и љубовното поле. Доаѓа време кога сите долгови ќе бидат наплатени. Сега фокусирајте се на вашата кариера, на личниот приход и на финансиската добивка.
Стрелец
Обидете се да не одложувате ништо за подоцна, не насобирајте долгови. Деловниот и финансискиот ред е нешто за што повремено треба да плаќате повеќе отколку што очекувате.
Ако ви дозволуваат средствата, ангажирајте компетентен сметководител, адвокат, консултант – тоа ќе ви заштеди многу пари. Фокусирајте се на главните цели, а не на споредните работи кога станува збор за работата и парите.
Јарец
Тврдоглавоста не е најдобриот начин за успешен бизнис. Обидете се да бидете флексибилни во справувањето со променливите деловни ситуации. Можни се проблеми во односите со колегите.
Водолија
Ќе има еден куп сјајни идеи во вашата глава, но вашиот паричник сè уште ќе биде празен. Есента е одлично време за радикална промена на ситуацијата и за започнување сопствен бизнис. Бидете трпеливи, парите ќе пристигнат во вистинско време.
Риби
Работата ви дава простор за развој, а есента е одлично време да се уверите во тоа. Направете ги работите во кои уживате максимално. Следете ги овие совети и вашиот бизнис и вашите финансии секогаш нека ви бидат средени.
Прочитајте го и финансискиот хороскоп до крајот на 2021.