Ги прочистува крвните садови, го олеснува дишењето: Секој треба да има шише од ова масло во домот
Маслото од лук може да ги одржува зглобовите во добра состојба и служи како средство за проширување на крвните садови.
Познато е дека лукот содржи етерично масло со алин, состојка која се разградува во алицин со сечкањето, која му дава специфичен мирис. Исто така, ги разложува мрснотиите и има антибиотско дејство. Лукот содржи витамини А, Б1, Б2 и Ц, калиум, калциум, магнезиум и фосфор. Исто така, содржи елементи во трагови, како бакар, кобалт и манган и други супстанции.
Рецепт за масло од лук
Ставете ја исчистената главица лук во тегла и прелијте ја со 1 чаша нерафинирано маслиново или сончогледово масло, а потоа ставете ја теглата во фрижидер да преноќи. Следното утро исцедете малку лимон во теглата и промешајте.
Консумирајте една лажичка од ова масло еднаш дневно пред јадење, 1-3 месеци, а по едномесечна пауза може да повторите.
Прочитајте кои се лековитите својства на маслото од црн ким.