Белите дробови се одговорни за снабдување на крвта со кислород и за филтрирање на јаглерод диоксидот од крвта. Нивната сунѓереста структура им овозможува да апсорбираат штетни елементи од нивната околина. Најчестите проблеми со белите дробови се јавуваат поради изложеност на загаден воздух, а овие лесни вежби за дишење ќе им овозможат на вашите бели дробови да бидат здрави и чисти.rnrn
rn
Стомачна вежба
rnОваа вежба се изведува во лежечка положба на грб. Ако сакате, можете да ставите помала перница под колената и вратот (или само под вратот). Вежбата треба да се прави континуирано 5 минути, a целата нејзина суштина е во дишењето длабоко.rn
Вежба „Зуење“
rnЗа време на оваа вежба, треба да направите долг звук на зуење како оној што го создаваат пчелите, додека го исфрлате воздухот од белите дробови. Исто така, треба да ги повлечете мускулите на стомакот колку што е можно повеќе навнатре.rn
Кинеска вежба за дишење
rnОваа вежба за дишење вклучува кратки вдишувања, без дишење преку носот. Оваа вежба ги релаксира умот и телото, снабдувајќи го организмот со потребниот кислород.rn
Вежба за издишување
rnОваа вежба е многу лесна за изведување и во исто време многу ефикасна за чистење на белите дробови. Сè што треба да направите е да застанете во исправена положба и да се наведнете од половината надолу. Кога ја изведувате, неопходно е да го исфрлите целиот воздух од белите дробови колку што е можно повеќе.rn
Вежба за странично истегнување
rnКога ја изведувате оваа вежба, треба да стоите исправено со малку раширени нозе. Едната рака треба да ви биде настрана, а другата во воздух и треба наизменично да вдишувате додека се наведнувате на едната страна и да издишувате додека ја менувате положбата, односно рацете. При вдишување, треба да го задржите здивот околу 20 секунди.rnrnПрочитајте кои намирници ќе ви помогнат да ги исчистите вашите бели дробови ако сте пушач.