Како да направите слатко од лубеница?
Ова слатко ќе ви ги разубави сите есенски денови.
Потребни состојки:
- околу 600 гр кора од лубеница
- 1,2 кг шеќер
- 1 лимон
- 1 ќесичка ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Исчистете ја кората од двете страни, па исечкајте ја на коцки за слатко.
Ставете вода во еден сад и оставете да зоврие, додајте ги парчињата во водата и оставете ги да стојат неколку минути. Потоа исцедете ги парчињата, повторно ставете вода да зоврие, ставете ги парчињата и оставете ги да стојат неколку минути. Повторете ја постапката 5-6 пати.
Кога парчињата ќе се сварат, исцедете ги и ставете ги во ладна вода. Оставете ги во последната вода да отстојат неколку часа, по можност 24 часа, а потоа исцедете ги.
Варете го шеќерот со малку повеќе од половина чаша вода. Додајте ги парчињата кора од лубеница и варете 15 минути. На крајот, исечете неколку парчиња лимон и додајте ги, исцедете го остатокот од сокот од лимон во слаткото и додајте ванилин шеќер, варете уште 2-3 минути и тргнете го слаткото од огнот.
Погледнете и овој рецепт за тирамису со малини.