Заборавете на Венеција и Амстердам: 5 европски градови испреплетени со канали

Заборавете на Венеција и Амстердам: 5 европски градови испреплетени со канали

Кога зборуваме за градови низ кои течат каналите, првото нешто што ни паѓа на памет е Венеција. Веднаш по неа повеќето би помислиле на Амстердам, а во последниве години, и Бриж стана многу популарен. Сепак, многу други градови во Европа лежат на канали, па проверете за кои градови станува збор.

Санкт Петербург

Заборавете на Венеција и Амстердам: 5 европски градови испреплетени со канали

Најсеверниот град на планетата кој може да се пофали со повеќе од милион жители, во зима нема да ви понуди возење по канал поради екстремно ниските температури. Овој град е украсен со канали на реката Нева, долги повеќе од 300 километри, но и со 800 мостови, од кои некои го премостуваат Зимскиот Канал, кој дефинитивно вреди да се види.

Хамбург

Заборавете на Венеција и Амстердам: 5 европски градови испреплетени со канали

Иако има повеќе канали од Амстердам, но и Венеција, Хамбург сигурно не е еден од градовите што ви доаѓа на ум кога зборувате за градови на канали. Меѓутоа, бидејќи е трето по големина пристаниште во Европа, има многу работи што вреди да се видат таму, особено турата низ областа Шпајхерштат, некогаш позната по безбројните складишта, што во меѓувреме се најде на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Бирмингем

Заборавете на Венеција и Амстердам: 5 европски градови испреплетени со канали

И жителите на овој англиски град сакаат да се фалат дека имаат повеќе канали од Венеција, долги повеќе од 160 километри.

Стокхолм

Заборавете на Венеција и Амстердам: 5 европски градови испреплетени со канали

Распрснат на 14 острови, главниот град на Шведска е поврзан со повеќе од 50 мостови. Првичното име на стариот град во Стокхолм бил „градот меѓу островите“. Во центарот на градот се наоѓа еден од најживописните канали во градот.

Копенхаген

Заборавете на Венеција и Амстердам: 5 европски градови испреплетени со канали

Познат по своите шарени куќи и стари бродови, Њухавен е поморски дел од главниот град на Данска. Тоа е туристичка локација што не била секогаш толку романтична низ историјата, но возењето низ каналите може да ве остави без зборови.

Погледнете некои од најшармантните мали градови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар