Рецепт за виолетов џин-тоник што ќе ве освои со својот вкус и изглед

Рецепт за виолетов џин-тоник што ќе ве освои со својот вкус и изглед

Виолетовата боја е една од најинтересните бои, а сега можете да ја имате и на вашата маса во форма на вкусен пијалак што ја добил бојата благодарение на сирупот од капини.

Рецепт за виолетов џин-тоник што ќе ве освои со својот вкус и изглед

Потребни состојки (за 1 лице):

  • 50 мл сируп од капини
  • 40 мл џин
  • 80 мл тоник
  • мраз
  • парче лимета и гранче рузмарин за декорација

Потребни состојки за сируп од капини:

  • 300 грама капини
  • 300 мл вода
  • 2 лажици шеќер

Начин на подготовка:

1. Прво направете сируп од капини. Измијте ги, ставете ги во сад каде што ќе го правите сирупот и додајте шеќер и вода. Гответе 15-20 минути на средна топлина. Потоа, не заборавајте да го процедите сирупот преку цедалка за да ги отстраните сите семки. Кога целосно ќе се излади на собна температура, ставете го сирупот во стаклено шише и ставете го во фрижидер.

2. Ставете неколку коцки мраз во чаша. Измешајте ги сирупот и џинот во шејкер и прелијте ја течноста врз мразот. На крајот, во чашата ставете тоник. Украсете со парче лимета и гранче рузмарин или со некој друг додаток по желба.

Погледнете како да го направите овој летен нискокалоричен коктел од малини што ќе стане вашиот нов омилен пијалак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Ана Reply

    Само мала забелешка, не се кажува ТУРЕТЕ, ами ставете, додадете, дополнете, комплетирајте…

Остави коментар