Полн со протеини: Рецепт за омлет што не содржи јајца и млеко
Ако не смеете да јадете јајца или не консумирате храна од животинско потекло – постои и веганска верзија на омлетот.
Потребни состојки:
- 200 мл соино млеко
- 100 гр брашно од наут
- 2 лажици прехранбен квасец
- 1 лажичка јаболков оцет
- ½ лажичка сода бикарбона
- ½ лажичка куркума во прав
- ½ лажичка лук во прав
- 1/8 лажичка црна сол по желба
- сол и бибер по желба
- растително масло
Начин на подготовка:
1. Измешајте го брашното од наут со соиното млеко за да добиете мазна хомогена смеса.
2. Додајте ги сода бикарбоната и јаболковиот оцет. Добро промешајте.
3. Зачинете ја смесата со прехранбениот квасец, солта и биберот, лукот во прав и куркумата.
4. Загрејте малку растително масло во тава и истурете околу половина од смесата.
5. Печете го омлетот околу пет минути на тивок оган додека не почнете да забележувате меурчиња по работ.
6. Додајте состојки по желба на средината на омлетот и преклопете го на половина.
7. Покријте ја тавата и оставете го да се обработи термички уште пет минути.
8. Повторете ја постапката со преостанатата смеса.
Погледнете како да подготвите шпански омлет со компири.