Дали ушите ви се затнати од водата? Решете го проблемот со овие 3 трика

Сподели

Речиси на сите им се има случено да им се затнат ушите од водата и сите го знаеме стариот трик со скокање на едната нога. Но, ако тоа не ви помогне, испробајте некој од наведените трикови.

Реклама

rn

1. Џвакајте или преправајте се дека џвакате

rnКоските на вилицата се наоѓаат во близина на увото и помагаат ако правите движење како да џвакате храна. Јадете нешто, ставете гума за џвакање во устата или само импровизирајте. Во исто време, навалете ја главата надолу од страната на увото што не ви е затнато и свртете го нагло на другата страна.rn

2. Создајте вакуум во увото

rnСтавете го увото на дланката, а потоа притиснете ја дланката внатре-надвор. Ова ќе создаде мал вакуум за да се извлече водата од увото. Вакуумот може да се направи и со прст. Наведнете го увото надолу, турнете го прстот во него и брзо извлечете го.

Повторувајте додека не излезе водата. Прстот мора да биде чист. Обидете се и со масирање на увото во насока на стрелките на часовникот.rn

3. Исушете го увото со топол воздух

rnАко не сте успеале да го одзатнете увото додека сте на плажа, кога ќе се вратите дома, решете го проблемот со фен за коса. Држете го фенот на растојание од 30 цм од увото, а топлиот воздух ќе го поттикне испарувањето на водата од увото.

Прочитајте што ќе се случи со вашето тело ако носите слушалки премногу долго.

Популарно

Може ќе ве интересира