Под влијание на плимата и осеката се формира Ваденското Море, еден од последните преостанати екосистеми од тој вид и големина. Морето се повлекува двапати на ден и остава огромни калливи пространства, со ширина до 40 километри. Овие природни процеси кои функционираат непречено формираат уникатни слики: во еден момент ќе наидете на огромно калливо пространство, а во следниот сè ќе биде покриено со вода.rnrn
rnrnВаденското Море се протега по должината на бреговите на Данска, Германија и Холандија, а овој феномен е признат од УНЕСКО како светско наследство, затоа што никаде во светот нема таков променлив предел во кој има толку многу живот.rnrnСо оглед на непредвидливите временски услови, не е лесно да се преживее таму, и токму затоа растенијата и животните кои живеат во Ваденското Море се исклучителни.rnrnМногубројни растителни и животински видови живеат во ритамот на плимата и осеката, ветрот и песокот. На морските ливади расте трева, има солено мочуриште, се формираат плимни канали и може да се видат утоки, интересни речни корита, плажи и дини – во зависност од тоа дали ќе ги посетите за време на плима или осека.rnrnГолем дел од Ваденското Море, особено во Холандија и Долна Саксонија (провинција во северна Германија), е покриен со острови кои формираат природни бариери и го прават пејзажот уште поинтересен.rnrnНо, Ваденското Море не изгледало отсекогаш како што изгледа денес – контурите што ги има денес ги добило пред неколку илјади години, но крајбрежјето не престанува да се менува. Пред околу 10.000 години, Северното Море било практично суво. Тогаш, од Холандија до Англија можело да се оди пеш. Со текот на времето, силните ветрови донеле огромни количини песок во правец на Данска, Германија и Холандија, а Северното Море започнало да се полни. Тоа било на почетокот на холоценот. Брановите обликувале песочни ѕидови, а потоа се формирале морски канали, кои на крајот пораснале толку многу што во нив се создало море.rnrnИако природата играла голема улога во формирањето на Ваденското Море, и човекот учествувал на свој начин. За да се обезбедат безбедна почва за живот, луѓето граделе насипи околу ридовите за да ги заштитат добитокот и посевите од поплавување. Лицето на мочуриштето исто така се менувало со копањето кал од каналот.rnrnСтруите на Ваденското Море се силни, но не се насекаде исти. Колку е поголема разликата помеѓу плимата и осеката, толку е посилна струјата. На пример, во Холандија разликата помеѓу плимата и осеката е помала отколку во Германија и Данска. Ова значи дека струите во Холандија се послаби.rnrnИсто така, островите се разликуваат по големината. Германските и данските острови се многу помали од холандските. Со поголемите разлики во плимата и осеката, повеќе вода поминува низ каналите и тие се пошироки. Во Холандија, морските канали се многу потесни отколку во Германија и Данска. Во секој случај, Ваденското Море е феномен кој вреди да се види барем еднаш во животот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте ги овие интересни факти за Мртвото Море што сигурно не сте ги чуле досега.
Ваденско Море: Уникатно место на Земјата што изгледа различно секој ден
