3 хороскопски знаци на кои ретроградниот Меркур ќе им го промени животот

3 хороскопски знаци на кои ретроградниот Меркур ќе им го промени животот

Ретроградниот Меркур во Близнаци е до 22 јуни и носи бурен период, полн со пречки и предизвици. Нè очекуваат многу инциденти, соочувања со минатото, грешки и тајни. Сепак, тоа ќе нè мотивира да бараме повеќе можности за раст, дури и на потежок начин. Ова се хороскопските знаци на кои ретроградниот Меркур ќе им ги промени животните планови:

3 хороскопски знаци на кои ретроградниот Меркур ќе им го промени животот

Бик

Ќе ви биде поттикната желбата за финансиски успех и ќе имате можност да направите важни чекори кон таа цел. Наплатата на некои стари долгови или некоја добивка ќе ве натераат да започнете некои важни проекти во овој период, до 22 јуни. Многумина ќе размислуваат за сопствен бизнис. Исто така, овој транзит ќе ви донесе подобра еротска енергија што ќе ве приближи уште повеќе до вашиот партнер.

Лав

Лавовите ќе ја искористат оваа можност за да ги исправат грешките во семејните или љубовните односи. Ве чека период на простување и ќе бидете задоволни што конечно се откриени сите тајни. Иако комуникацијата за време на ретроградниот Меркур не ви е силна страна, вашите дела, срцето и душата ќе говорат повеќе од зборовите. Ова е поволен период за ослободување на токсичните емоции и привлекување добри вибрации.

Јарец

Овој транзит ќе има најголемо влијание врз вашата потсвест, но, исто така, и на подобрување на врската со сопствената душа. Ова е совршен период да бидете сами, да размислувате за вашите потфати, да ги решите мислите и да ја прочистите душата. Во овој период, уживајте во медитација и во техники што ви помагаат да погледнете подлабоко во срцето. Ќе се соочите со многу тешкотии, но потоа ќе бидете многу посигурни во себе.

Прочитајте кои 3 хороскопски знаци ги очекува турбулентен период.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар