9 згради ширум светот што ќе ве оставаат без зборови
Познатиот јапонски архитект Кенго Кума е заслужен за некои од најинтригантните дизајни на згради. Неговите најпознати дела се наоѓаат во Јапонија и во Кина, но дел од зачудувачката визија на Кума може да се види во Европа и во Австралија. Авторскиот потпис на Кума подразбира употреба на традиционални техники и локално достапни материјали и создавање функционален објект на креативен и модерен начин, кој совршено се вклопува во природата и во околината.
Најголемиот проект во биографијата на Кенго Кума е Националниот стадион во Токио, кој е изграден за Летните олимписки игри што требаше да се одржат во 2020 година, а за неговата изградба се потрошени рекордни 1,4 милијарди долари. Во продолжение погледнете неколку од неговите најинтересни проекти.
Слаткарница позната и како Куќа од ананас во Токио
Деловниот облакодер „HONGKOU SOHO“
Музејот на современа уметност во Марсеј
Музеј за дизајн во Шкотска
Музички конзерваториум во францускиот град Екс ан Прованс
Кафуле „Старбакс“ во Дазаифу
Националниот стадион во Токио
Туристички центар во Јангченг, Кина
„The Exchange“ во Сиднеј, агенција за изнајмување канцелариски простор
Погледнете ги овие 14 згради што ќе ве натераат да застанете и да гледате во нив.