3 рецепти за смуди за убава линија
Смудито содржи многу витамини и минерали и е идеално за појадок или за ужина. Со овие „чаши здравје“ ќе го стимулирате варењето на храната, ќе го зајакнете имунитетот и ќе имате убава линија.
Зелено егзотично смуди за двајца
Потребни состојки:
1 поголемо јаболко
30 грама спанаќ
3 лажички сечкан коријандер
1 лимон
1 чаша свежо исцеден сок од портокал
2 лажички ѓумбир
1/3 банана
1 лажичка цимет
Начин на подготовка:
Исечкајте ги сите состојки и ставете ги во блендер. Мешајте додека не се формира хомогена смеса.
Смуди за детоксикација од боровинки и малини
Потребни состојки:
190 грама свежи или замрзнати боровинки
120 грама свежи или замрзнати малини
1 чаша овошен јогурт
1 лажичка мелен цимет
свеж корен од ѓумбир со големина од 1,5 см
вода
Начин на подготовка:
Изрендајте го ѓумбирот ситно и измешајте ги сите состојки во блендер. Исто така, можете да додадете сок од портокал.
Овошна бомба за расонување
Потребни состојки:
1 грејпфрут
1 круша
рендана кора од лимон (количина по желба)
рендан ѓумбир (количина по желба)
1 лажичка мед
200 мл вода
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Грејпфрутот, лимонот и ѓумбирот го прават ова смуди исклучително вкусно и совршено за расонување
Погледнете како да направите вкусно смуди со јагоди што помага при слабеењето.