Претходно
Вкусен и кремаст десерт со сирење и банани
Овој вкусен, лесен, кремаст десерт ќе биде готов за само 5 минути.
Потребни состојки:
- 200 грама сирење
- 2 лажици шеќер + ванила по вкус
- 30-50 мл млеко
- банана
- бобинки и чоколадо за украсување
Начин на подготовка:
Во сад ставете 200 грама сирење, 2 лажици шеќер, малку ванила по вкус и 30-50 мл млеко. Измешајте со миксер.
Додајте ја бананата исечена на крукчиња. Мешајте додека не добиете мазен крем.
Турете ја смесата во чинии и украсете со малини или капини.
Посипете со рендано чоколадо.
Погледнете го и овој неодолив шведски десерт што мора да го пробате.