Рецепт за фрика: Палачинка од компир и сирење
Она што е фрика во Словенија, на Италијанците им е познато како „frico“, а ова традиционално јадење од компири се наоѓа на списокот на Гардијан со 12 европски јадења што треба да се вкусат, според препораката на врвните готвачи.
Потребни состојки:
- 300 грама компири
- 40 грама свинска маст
- 200 грама тврдо сирење
- 40 грама свежи билки (копар, власец, оригано, тарагон)
Начин на подготовка:
1. Излупете ги и изрендајте ги компирите, па ставете ги во сад со вода за да се отстрани вишокот скроб.
2. Загрејте ја свинската маст во тава, потоа додајте ги исцедените компири и пржете додека не омекнат.
3. Додајте го ренданото сирење и рамномерно распоредете го преку компирите. Пржете околу 5 минути или додека не зарумени, а потоа внимателно свртете ја палачинката и продолжете да пржите околу 5 минути.
4. Одозгора додајте свежи билки.
Прочитајте кои се 5-те најчести грешки при подготовката на палачинки.