Во април ќе владее енергијата на доминантниот Овен бидејќи Сонцето е во овој хороскопски знак. Ќе бидете изненадени од вашата отпорност на стрес и од страста за работата што ја работите. Две планети ќе бидат ваши водичи во април – Венера, која ја засилува страста до 20 април и Меркур, кој ве охрабрува да ја забрзате реализацијата на амбициите и има големо влијание врз вашата кариера. Исто така, Јупитер, планетата на радоста и парите, ви носи нови идеи.rnrn
rn
Овен
rnКонцентрацијата и фокусот ви се подобрени и сè што ви треба за да ги постигнете своите цели е веќе во вашите раце. Ќе се разбудат многу запоставени способности и заспани таленти. Имате јасна цел на ум и овој месец можете да постигнете голем успех и да завршите работа која стои недовршена подолго време.rnrnДобрите аспекти на Венера, на Меркур и на Сонцето ќе ве поддржуваат на професионален план и благодарение на Марс, ќе се издигне вашето поле на комуникацијата и на социјалниот живот. Ќе бидете успешни во сè за што ќе се потрудите. Вашиот ум е како волшебно стапче овој месец – секоја идеја наидува на добри реакции.rn
Близнаци
rnНа професионален план ве очекуваат разни можности. Април ќе биде лесен месец за вас и нема да влегувате во конфликт за ситници, туку ќе се посветите на постигнување на големите цели. Околу 20 април, Сатурн и Јупитер значително ќе ви го олеснат донесувањето одлуки, што ќе има позитивно влијание на Близнаците кои сакаат да ја сменат работата или да започнат своја кариера.rnrnМожно е некоја личност од минатото или стар пријател да ви помогне да ја остварите вашата идеја. Слушајте ги советите на другите, но не игнорирајте го вашиот внатрешен глас.rn
Девица
rnЗа вас, април ќе биде месец на учење. Ако успеете да останете отворени за нови концепти и различни насоки, ќе имате голема корист од вашите напори. Меркур ќе воведе мали турбуленции на полето на комуникацијата, но тоа е ваша вештина и не може дополнително да ги заплетка конците.rnrnАко ги користите вашите вербални способности, тоа ќе го забрза вашиот успех уште повеќе. До 20 април ве чека страст и исклучителна посветеност на работата, но внимавајте да не прегорите и целосно да ја исцрпите својата енергија. Ќе решите многу финансиски проблеми. Можен е замор на крајот на месецот.rnrnПрочитајте што ни носи април и кои се најголемите астролошки транзити.