Три кратки приказни што ќе ви го разубават денот

Три кратки приказни што ќе ви го разубават денот

Најсложените и најважните работи понекогаш можат да се објаснат многу едноставно. Тие се кријат во секојдневните ситуации, ритуалите, активностите и движењата. Ова се три кратки приказни што ќе ги приближат сите до она што е вера, доверба и надеж.

Три кратки приказни што ќе ви го разубават денот

За верата

Жителите на едно место одлучија заедно да се молат за дожд. Во закажаното време, сите дојдоа на плоштадот, но само едно момче донесе чадор. Тоа е вера.

За довербата

Кога играте со вашето дете, фрлајќи го во воздух, тоа се смее среќно, затоа што знае дека ќе го фатите. Тоа е доверба.

За надежта

Легнуваме секоја вечер, без гаранција дека ќе се разбудиме наутро, а сепак го вклучуваме будилникот. Тоа е надеж.

Можеби ќе сакате да откриете и зошто Бутан е најсреќната држава во светот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар