Дали веќе го пробавте овој трик за поубава коса што ги запали социјалните мрежи?

Дали веќе го пробавте овој трик за поубава коса што ги запали социјалните мрежи?

Познат по своите природни, лековити својства, алое вера е состојка што се користи во нега на кожата со векови. И сега, благодарение на социјалните мрежи, стана хит состојка за нега на коса и скалп. Голем број ентузијасти за убавина, неодамна споделија голем број видеа за тоа како да направите домашна маска за коса користејќи гел директно од растението алое вера. Имено, го стимулира растот на косата, спречува чешање на скалпот, го намалува првутот и ја храни косата. Хаштагот #aloevera собра импресивни 644 милиони прегледи.

@jonathankmonroeSay aloe to ur healthy hair. 🌱 #hair #hairtips #healthyhair #hairmask #beautytips #naturalhair

♬ original sound – Jonathan Monroe

Што треба да направите? Земете го гелот од растението и нанесете го на косата и склапот. Алое вера содржи ензими кои ги поправаат мртвите клетки на кожата на скалпот, што помага да се стимулира растот на косата, а исто така делува и како сјаен регенератор – оставајќи ја косата мазна и сјајна. Треба со четка за коса да го нанесете гелот од корен до врв, наместо да го масирате со рацете. Така гелот може да се апсорбира во скалпот и навистина да навлезе во косата. Еден инфлуенсер препорачува да го оставите гелот од алое вера да делува околу еден час пред да ја исплакнете и измиете косата. Резултатот е сјајна и здрава коса. Можете исто така да користите алое вера во комбинација со оризова вода за да го промовирате растот на косата.

Овој трик дефинитивно не е тренд за одминување. Имено, многу брендови ги користат и придобивките од алое вера во нега на коса. Така, тие создаваат најразлични шампони, балсами, маски за коса и третмани со висока содржина на оваа состојка. Алое Вера е навистина одлична состојка за постигнување здрава коса. Со повеќе од 95% содржина на вода, алое вера е одличен природен навлажнувач што ја прави косата сјајна, мека и еластична. Исто така, помага да се заштити и зајакне вашата коса, оставајќи ја богата со антиоксиданти како бета-каротен и витамини Ц и Е, кои ја хранат и зајакнуваат вашата коса со текот на времето.

Погледнете ги овие 3 начини на шминкање што треба да ги пробате оваа пролет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар