КАФЕ ПАУЗА

10 идеи како да го уредите дворот и да ги поканите птиците во него

10 идеи како да го уредите дворот и да ги поканите птиците во него

Потоплото и сончево време нè привлекува на чист воздух, а ако сте меѓу среќниците кои имаат своја градина, направете ја мала оаза за да уживате во разнобојните растенија и звукот на птиците.rn

1. Старите гуми можат да бидат одличен декоративен и практичен детал во градината

rnrnrnНајпрво направете неколку дупки за одвод бидејќи ако остане вода во гумата, коренот на растението може да изгние. Потоа, добро измијте ја и исушете ја гумата. Следниот чекор е да ја бојадисате со боја за надворешни услови која е погодна за гума.rnrnСтавете почва и засадете ги растенијата. Старите гуми можете да ги обесите или да ги потпрете на ѕидот и сл.rn

2. Стариот кафез за птици лесно се претвора во интересна саксија за сукуленти

rnrnrnБојадисајте го во бојата што најмногу ви се допаѓа и закачете го некаде во дворот. Во него ставете растенијата што може да издржат на отворено во овој период од годината. Ако е многу ладно, покријте го целиот кафез или внесете го во куќата.rn

3. Полици на надворешната страна од куќата

rnrnrnБојадисајте ги полиците и закачете ги на ѕидот. Освен за растенија, таквите полици се погодни и за чување мали градинарски алати.rn

4. Направете хранилка за птици од старо шише

rnrnrnИсечете неколку штици во посакуваната форма и димензија, бојадисајте ги и закачете шише полно со храна. Само не заборавајте да направите механизам во средината што ќе го држи шишето, но и ќе ви овозможи да го свртите или да го извадите за да го наполните со храна.rn

5. Светилките се одлично решение за создавање атмосфера како од бајките

rnrnrnСветилките што ги користите за време на божиќните празници може да ви служат цела година за да создадете атмосфера како од бајките. Само проверете дали светилките се наменети за надворешни простори, потоа поставете ги над гранките и околу местото каде што седите, вклучете ги и опуштете се.rn

6. Направете убава цветна градина од камења

rnrnrnСтавете ги поголемите камења во круг и ставете почва на средина. Потоа направете мал круг од камења на таа земја, повторно наполнете го со земја и продолжете така до крајот. На крајот, засадете разнобојни цвеќиња во земјата.rn

7. Претворете ги старите корпи во саксии за цвеќиња

rnrnrnАко во гаражата имате стари плетени корпи со кои не знаете што да правите, не фрлајте ги бидејќи може да ви послужат како убав детаљ во градината. Пополнете ги со земја и засадете украсни растенија.rn

8. Користете стари рамки за слики

rnrnrnТие лесно се претвораат во украсен детаљ во градината. Бојадисајте ги и закачете ги на оградата или на ѕидот и закачете метална саксија во средината со неколку цвеќиња или украсни растенија.rn

9. Направете „поток“ од цвеќиња со помош на старо буре

rnrnrnОтстранете го горниот дел од бурето и ставете го на земја. Потоа, ставете почва во неа, така што земјата ќе се поврзе со почвата во дворот, а потоа засадете цвеќиња. Тоа ќе изгледа како шарен „поток“ среде зеленило.rn

10. Претворете ги остатоците од старо дрво во саксии за цвеќиња

rnrnrnСтариот трупец или поголемото парче дрво што стои во дворот е одлична основа за садење цвеќиња. Сè што треба да направите е да направите дупки во дрвото, да ги наполните со земја и да засадите шарени цвеќиња.rnrnПогледнете како да направите мебел од стари гуми за вашиот двор.