Полната месечина во Девица ќе влијае најмногу врз овие 3 хороскопски знаци
Полната месечина во Девица на 27 февруари ќе ви даде можност да се ослободите од сè што веќе не ви служи. Овој период е идеален да се ослободите од лошите навики и од емотивниот багаж и да се соочите со некои лични предизвици. Крајно време е да ги преиспитате вашите навики и дневните ритуали и да донесете рационални одлуки. Прочитајте врз кои 3 хороскопски знаци ќе влијае најмногу полната месечина во Девица од 27 февруари.
Близнаци
Полната месечина ќе влијае на вашиот дом и на семејството и ќе ја почувствувате на исклучително лично ниво. Нејзината енергија во Девица ве охрабрува да го исчистите вашиот животен простор од непотребни работи, но и да се ослободите од емотивниот багаж од минатото. Ви испраќа позитивни вибрации што ќе ви помогнат да се ослободите од материјалните работи што веќе не ви служат, а исто така ќе бидете исклучително продуктивни и инспирирани.
Вага
За време на полната месечина, ќе сакате да бидете сами и да се повлечете во вашиот кожурец за да излезете од него како уште поубава и слободна пеперутка. Ова е период на интроспекција, духовни мисли и многу одмор. Ќе сакате да се поврзете со својата душа и да залечите некои стари емотивни лузни. Медитацијата, визуализацијата и престојот во природа ќе ви помогнат да го исчистите вашиот ум. Циклусот на полна месечина претставува крај на некои лоши мисли и чувства и почеток на период во кој ќе блеснете.
Водолија
Искористете ја енергијата на полната месечина за емотивно чистење. Признајте си ја вистината, исполнете ги ветувањата и вратете ги долговите. Сега е време да завршите со старото и да започнете нешто сосема ново и поразлично. Под сјајот на полната месечина, ќе имате храброст да се соочите со негативните емоции што ве притискале и конечно да ги отфрлите. Ќе се чувствувате многу послободно и поподготвено да ги прифатите светлата иднина и сите промени што доаѓаат.
Прочитајте го овој краток љубовен хороскоп до крајот на февруари.